Број 3257  среда, 14 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Во Јегуновце се загреваат печките

Гојко Ефтоски


ТЕТОВО - Металуршкиот комбинат „Метал инвест ЕФТ Македонија“ од Јегуновце, поранешен „Силмак“, се загрева за производство на феросилициум, дознава „Утрински весник“. Технолошкиот процес што подразбира и враќање на 300 лица на работа почнува од 1 мај, најавуваат одговорните во комбинатот. По петмесечна пауза, ќе се рестартираат две печки со капацитет од околу 3.000 тони феросилициум месечно. Од вчера во погоните на „Метал инвест“ се наоѓаат 88 работници, а за една недела ќе бидат повикани уште 200, чија обврска е да подготват се' за производство.

Кочо Анѓушев, официјален управител на капацитетот во Јегуновце, инаку директор на „Метал инвест ЕФТ Македонија“ изјави дека менаџерскиот тим интензивно подготвува бизнис-план за рестартирање на производството.

„За потребите на производните капацитети во Јегуновце е набавен јаглен од Колумбија и од Украина, а со кварц ќе се снабдиме од рудните наоѓалиште во нашата земја. Сметам дека ќе нема проблем ниту со струјата. На овој начин целосно ги заокружуваме подготовките за успешно стартување.

За почеток ќе работат две печки од кои едната е со капацитет колку сите други“, истакна Анѓушев.


#
Статијата е прочитана 1135 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan
Датум: 14.04.2010 01:02:19
Eve pak nekoja finansiska ujdurma; Drpni i Begaj! Jaglen od Zamislete! od Kolumbija! Ova mi lici kako onaa starata,ama prava,, Vo Soluna Dinar Somuna,ama do Soluna, Sto Somuna".Narode stanite vo odbrana na zdravjeto,narode tuzitego kombinatot za napravena ekoloska katastrofa za najmalku 30 kvadratni kilometri.Rekata Vardar e najgolemiot sveditel kako ;Corpus Delicti -Evidence! Ako nasive poseljci, ne znaat kade,i pod kakvi uslovi ziveeat,neka se kacat kaj mene NA Ljubotan, pa ce vidat,kade ziveat!Tocno trista domakinstva ce ziveat od platite na kombinatot,a nivnite deca i vnucina CE IMAAT ZDRAVSTVENI POSLEDICI!.Sto stanuva so drugite mozda, NA Iljadi familii sto moraat, da ja disat taa Ekoloska Katastrofa! Tetovskata Deponija bese nula, prema ovaa vo Jegunovce! Vo Jegunovce ekoloskata katastrofa pocnala uste od 1953godina!

Најди! во Утрински
Економија
Новиот попис ќе чини двојно повеќе од претходниот
„Агрокор“ ќе почне со изградба на агроберза
Македонскиот катастар - лидер во регионот
Грција пушти во оптек нови државни обврзници од 1,2 милијарди евра
Германските фирми се' повеќе инвестираат надвор