Број 3285  вторник, 18 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Бурата се смирува, а со тоа и вие пробувате да се смирите. Доколку никој не ви го загрози личниот интегритет, ќе имате успешен ден. Нема да можете да ги провоцирате другите, но затоа тие можат да си играат со вашето трпение. Доколку се опаметивте, тие нема да успеат, бидејќи до вас не допираат нивните обвинувања.



БИК

Повеќе припадници од овој знак доживуваат незаборавни моменти со љубената личност. Се наоѓате во ситуација кога богатата имагинација и идеалистичките тенденции ги чинат луѓето и настаните поубави отколку што се. Кога ќе излезете од таа фаза, ќе биде многу тешко за да се навикнете на реалноста.



БЛИЗНАЦИ

Доколку ги совладавте пречките, можете да очекувате нормален ден. Бидејќи сте прилично глуви кога се работи за совети отстрана, најдобро е да учите од сопствените грешки. Можеби ќе болат, но барем ќе ги запомните. Пробувате да функционирате во односите со партнерот, но имате чувство дека не е се така идеално.



РАК

Може да се рече дека сте во свој елемент. Вредно работите, но резултатите се' уште не се видливи, барем кога парите се во прашање. Затоа, како и обично, ве фаќа паника. Што се однесува до сигурноста и стабилноста на нервниот систем, не се грижите – се' е во најдобар ред. Шетајте и движете се повеќе.



ЛАВ

Вниманието го насочувате кон погрешните луѓе. Нешто чудно се случува со вас. Можеби разумот ве напуштил, па се препуштате на чувствата, кои моментално се погрешни. Нервниот систем е во мала криза. Прашајте се зошто ви се случуваат непредвидливи работи, кога се убаво испланиравте? Па, тоа е животот.



ДЕВИЦА

Во прв план ви е смислата за хумор и така подобро се чувствувате и ги прикривате внатрешните незадоволства. Настојувате пред другите да бидете едно, а пред себеси нешто различно. Оние што ве сакаат, ќе ве прифатат онакви какви што сте. Не обрнувајте внимание на другите.



ТЕРЕЗИЈА

Вашите разгорени страсти може да го разбрануваат некој Овен. Ориентирани сте уметнички, нагласено е чувството за хармонија и ритам, па тоа е, всушност, причината за вашето убаво расположение. Искористете го магичниот шарм и освојте ја околината.



СКОРПИЈА

Полни сте со енергија и желба да ги решите секојдневните проблеми. Ме влегувајте во несогласувања и расправии со партнерот зошто лесно може да излезете како повредена страна. Се советува внимателност, не само во сообраќајот, туку и во другите видови комуникации.



СТРЕЛЕЦ

Прилично лош период. Тоа посебно се однесува на здравјето и работата. Не би било лошо да направите план за патување, но и да размислите за ново работно место. Емотивната состојба е стабилна. Разгалете го партнерот, така, ќе се држи до вас. Можеби треба да му обрнете и повеќе внимание.



ЈАРЕЦ

Главата ви е полна со чудни идеи. Немојте премногу да размислувате. Опуштете се, треба да внимавате да здравствената состојба. На тој начин ќе ги совладате хипохондричноста и тремата кои владеат со вас во пресрет на некој настан. Верувајте во позитивен исход, тој нема да изостане.



ВОДОЛИЈА

Зачестуваат караниците со партнерот. Прашајте се дали претерувате со своите барања и ситници. Доколку решивте да се занимавате со политика или недвижности, ова е повеќе од добар период. Ќе добиете поддршка од важна личност. Бидете толерантни спрема најблиските.



РИБИ

Морате смирено да ги анализирате многуте планови и задачите кои си ги задавате себеси. Потсетникот е одличен во овие моменти. Бидејќи ви годи да слушате музика, а истовремено, да водите и празни разговори, па не е чудно ако од сите понудени можности да ја одберете онаа најлошата – одложување.


#
Најди! во Утрински