Што прават денеска
Мишо Николов
директор на ЈСП
Работниот ден ми почнува многу рано - веќе во 7 часот сум на работа. Имам вообичаени тековни обврски и напладне редовна проверка на автобусите во автобазата. За ручек ме очекува средба со Рамадан Шукри, а потоа по одморот во домашен амбиент, околу 18 часот заедно со бремената сопруга одиме на „задолжителна“ прошетка.
Дарко Булдиоски
„Њу медија маркетинг“
Деновиве го подготвуваме веб-сајтот на нашата нова компанија „Њу медија маркетинг“, а паралелно сум фокусиран и на развој на две е-маркетинг-кампањи за наши нови клиенти. Дополнително ќе подготвуваме логистика за нови бесплатни обуки за Интернет-маркетинг што ќе ги најавиме при крајот на мај.
Александар Чоневски
менаџер на ТА „Игуана“
По вообичаеното утринско кафе, денот тече со интензивно планирање, организирање и продажба на летните аранжмани за Грција и за Хрватска. Речиси целиот ден ми минува во работа, па така, остатокот го минувам во подготовка за реализирање на аранжманите по повод празникот „Св. Кирил и Методиј“. |