Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Забава

„ТЕТОВО ФОЛК-ФЕСТ“

На Богородица повторно во Лешок

„’Тетово фолк-фест‘ треба да опстане и да постои“, категорично изјави новиот директор на фестивалот, Борче Брзанов, на прес-конференцијата одржана во средата (28 април) за да се расчистат сите недоумици и дилеми околу фестивалот. Иако до денот на одржување на фестивалот, кој има респектабилна традиција, има уште речиси четири месеци (27 август), прашањето за неговото одржување беше отворено поради неизвесноста околу согласноста на МПЦ, фестивалот да се одржи во манастирскиот комплекс во Лешок. Тоа беше и една од причините досегашниот претседател на Фестивалскиот совет, Томислав Стојановски-Бомбај, да го откаже своето учество во организацијата. Сепак, фестивалот и годинава ќе го продолжи своето опстојување, со нова организациска структура, на истото место, во Лешок, со целосна поддршка на МПЦ и митрополитот Кирил. Иако поради неизвесноста за одржување на „Тетово фолк-фест“, пропуштени се роковите за конкурс за поддршка во Министерството за култура, новиот организационен одбор верува дека ќе успеат да добијат финансиска поддршка од искрените љубители на македонската народна песна. (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 845 пати.

Испрати коментар

Од: tetovec
Датум: 30.04.2010 10:44:53
na den na golem post, namesto vo crkva so molitva i bdenie na muzika ora i piene. Neubava rabota. poradi toa i MPC se dvoumela dali da go odrzi festivalot vo manastirskiot kompleks. Pa moze festivakl da ima vo manastirskiot dvor ama utredenta. neka razmisli uste ednas MPC.
Од: Mene
Датум: 01.05.2010 20:12:54
Minatava godina bevme vo Lesok za Bogorodica i veruvajte bev zgrozena,zatoa sto na golem post manastirskiot kompleks bese bukvalno opkolen od skaradzii,od tezgi so se i sesto,do razno razni kockarski natprevari kako sto gi vikaa,uzas,jas razbiram da ima takvi tezgi,ama nadvor od manastirskiot kompleks,a ne vo samiot dvor,a sto imase skaradzii vnatre vo dvorot NO COMMENT.A sto se odnesuva do samiot festival nemam nisto protiv da se odrzuva na istoto mesto.

Најди! во Утрински
Забава
Не знаела за посвоеното дете на Џеси Џејмс
Бомба пред вилата на актерот
Спиел со 120 жени за време на бракот