Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Доколку сте вљубени или имате симпатија, може да бидете задоволни. Работата, домот, учењето - нешта што моментно нема да ве исполнуваат доколку сте сами. Потребна е поддршка, рамо за плачење, лице што нема само да ве разбере, туку и ќе ве разгали. Овните сами ќе си го дозволат тој луксуз.



БИК

Главната движечка сила и смисла во животот денеска ви е љубовта. Во тој стил функционирате, но и грешите. Премногу сакате да бидете со љубената личност, па на извесен начин ја мачите. Што, всушност, сакате? Намалете ја возбудата, бидејќи преголема плима од емоции никој не може да преживее.



БЛИЗНАЦИ

Размислувате активно и оригинално. Со пријателите се дружите, разменувајќи секојдневни искуства, проблеми и знаење. Обидете се своите непотребни критики да ги доведете до минимум. Многу е јасно - повеќе работете, а помалку зборувајте. Околината од вас очекува да преминете на дела.



РАК

Домот е вистинска оаза на мирот во која ја собирате потребната енергија за нови работни обврски. Загрижени сте за децата. Доколку се решите да ги покажете своите квалитети на готвач, тоа ќе биде празник за цело семејство. Потенцијален виновник е силно изразениот апетит.



ЛАВ

Размислувате за патување, а интуицијата што е изразена ви кажува дека ќе има такво нешто. Контролирајте ја тврдоглавоста и со насмевка преминете преку навредите од членовите на семејството. Повеќе ви одговара пасивност отколку акција, па ќе се обидете да ја префрлите работата на друг.



ДЕВИЦА

Треба да исполните повеќе обврски, но немате доволно време. Почнува да ве фаќа паника. Надминете ја држејќи се за приоритетите. Треба да ја сфатите суштината на животот и пополека, темелно, како што само вие умеете, работете. Со нервирање само ќе го уништите здравјето.



ТЕРЕЗИЈА

Преубаво изгледате, добро се чувствувате, притоа сте презадоволни од себе. Бидејќи не сте себично лице, ова ваше расположение го делите со домашните, пријателите, партнерот. Барате јубилеј за да испланирате седенка со сите оние што подолг временски период не сте ги виделе.



СКОРПИЈА

Се решивте од внатрешната напнатост и тргнувате во нова работна акција. Колку е потежок проблемот, толку е поголема шансата да го решите. Со работата заборавате на проблемите. На пријателите им делите совети, но не забележувате дека, всушност, ги оптоварувате, па се обидуваат да побегнат.



СТРЕЛЕЦ

Главна утеха за сите талентирани припадници на знакот е уметноста. Имате инспирација и желба да создавате големи дела. Сознавајте, никој не ви брани. Преминете со зборови на дела. Имате замислено нешто, но премногу сте мрзливи да почнете со реализација. Важен е првиот чекор.



ЈАРЕЦ

Каков партнер барате? Што, всушност, сакате? На сите им наоѓате мани мислејќи дека сте идеални. Мора да се спуштите на земја, бидејќи сте припадник на земјен знак. Само со толеранција може да и' избегнете на самотијата. Бидете посреќни со нештата што се случуваат околу вас.



ВОДОЛИЈА

Очигледни се вашите настојувања да изнудите невозможни работи од колегите. Идеите ви се премногу очигледни, но бараат значителна флексибилност, својство, за што многумина само може да сонуваат. Здравствената ситуација ви налага да излезете на воздух и да прошетате заедно со партнерот.



РИБИ

Време е за љубовни моменти. Некоја скорпија веќе подолго време ги набљудува сите ваши постапки. Бидете решителни, пријдете и разговарајте со лицето што може во идниот период да биде покрај вас. Водолиите што се во врска ќе имаат пријатни моменти со партнерот.


#
Најди! во Утрински