Што прават денеска 
 Наум Петрески
  пејач 
Нема ни 48 часа откако сум вратен од Австралија, но веќе се адаптирав на временската и климатската разлика. Сепак, претпладнево малку подолго ќе одморам, па попладне семејно тргнуваме за Струга, каде што ќе го минеме празникот - малку работно, малку празнично. 
 Александар Лекоски-Леко
  инж. по информатика 
Остана само уште еден ден пред најголемиот пикник на вода во Охрид, кој го организираме со моите пријатели од „Т-мобиле“. Веќе сме при крај со подготовките и засега се' се одвива според предвидениот план. Вртам уште еднаш кај пријателите и ве чекам сите в сабота на уникатниот пикник на кајчиња. 
 Димче Мешковски
  актер 
Првиот дел од денот ми е исполнет со проби на скечевите за „Балкан бенд“, а денес треба да ги снимаме и сонговите за емисијата. Попладне, пак, сум ангажиран со моите ученици, малите актери - ентузијасти од Школата за актерска игра на општината Карпош.  |