Да, министре Ставрески. И ние се согласуваме дека главната поента е во тоа сиромаштијата да падне од 30 на 20 проценти. Но, прашуваме зошто за цели четири години мандат колку што трошите Вие и Владата, во која сте главен економски „гуру“, не успеавте барем малку да ја ублажите оваа страшна појава, па ако не до 20, да ја симневте барем до 25 проценти?
Наместо тоа, најмалку што можеше да се очекува по сите блескави ветувања за економски просперитет и благосостојба, Македонија деновиве се обидува да ја „проголта“ рекордно високата стапка на сиромаштија, од дури 31,1 отсто колку што за минатата година измери Државниот завод за статистика. Колку и да се тактизираше, колку и да се одолжуваше обелоденувањето на ваквиот драматичен податок, од јавноста веќе не можеше да се скрие фактот дека секој трети човек во државава практично и не живее, туку само бедно преживува.
Дури ни во најсуровите и најмачните времиња за македонската економија не била измерена толку висока стапка на сиромаштија. Статистика кажува дека процент од над 30 отсто бил регистриран единствено во 2003 година, поконкретно 30,2 отсто. Не дека другите години ситуацијата беше сјајна, напротив, далеку од тоа, бидејќи се движеше меѓу 28,7 па до 30 отсто, што како и да се сврти е драматично висок процент на сиромашни луѓе.
Но, сепак, неславниот рекорд од 31,1 отсто недвосмислено зборува дека работите во Македонија не само што никако не одат напред, туку се враќаат назад и тоа со прилично брзи чекори. Па, нели беше прогласен крај на транзицијата, со која премиерот Никола Груевски се обидува да расчисти во целиот свој досегашен четиригодишен период на владеење. Очигледно дека не било така.
Најновите поразителни податоци за тоа колку многу Македонци живеат во мизерија и во очај и под секое човечко достоинство доаѓаат како едно сурово отрезнување за Владата, дека таа некаде силно греши во практикувањето на својата економска политика. Може премиерот колку што сака да не' убедува дека е виновна кризата, која била најголема во последниве 80 години. Дури и пресмета Груевски колку долг период светот не бил погоден од толку страшна рецесија како сегашната, ама заборави да каже дека токму лани, кога таа најсилно напаѓаше, тој и неговата Влада неколку месеци не сакаа ни да признаат дека има криза. Но, дури и потоа, кога таа, конечно, беше „констатирана“, беа донесени еден куп антикризни мерки, токму со цел населението побезболно да го преживее ударот. Сега е повеќе од јасно дека мерките биле целосно промашени, бидејќи воопшто не ги спасиле луѓето од тешката сиромаштија.
И не држат тезите на премиерот и на вицепремиерот Ставрески дека „не станувало збор за голем пораст на сиромаштијата“. Па, како не ги алармира фактот што таа за една година скокнала за дури 2,4 процентни поени. Знаат ли премиерот и неговиот министер дека тоа не се само обични бројки, туку многу нови гладни семејства, многу несреќни мајки, многу деца со однапред одземено детство...
И ниту еден скандал од типот на уапсени бизнисмени-педофили или слични криминални стории не можат да ги засенат овие потресни приказни, кои сведочат за сиромаштијата во која тоне Македонија.
А ако сака да ни докаже дека навистина се грижи за народот, а не за полнењето на партиските и личните конта на поединци, оваа власт мора итно да се насочи кон решавање на проблемот со сиромаштијата. И нека прават се' што е потребно во таа насока. Од нас имаат одврзани раце. Ако името е проблем за влез во НАТО и за преговори со ЕУ, а со тоа и за конечен влез на странските инвестиции и за нови работни места, нека се надмине и таа препрека. Бидејќи, навистина сакаме веќе и да живееме, а не само да преживуваме.
1. Vo "kriza najgolema vo posledni 80 godini" vo MK se investirat MILIONI EURA vo raboti, koi ništo ne donesuvaat na državata i nejzinite žiteli!!! - ako čovek ima glad, a negovo dete ako strada, ne mu treba ni fontana, ni lav ni ništo drugo od tie gluposti. 2. Sekoj si ima takva vlast, koja što ja zaslužuva - site, što sedat vo parlamentot, bile izbrani vo regulernite izbori. A deka ne im pišuvalo na čelo "miži, da te lažam", koga gi ubeduvale gragjanite, da glasat za niv, toa e druga priča. 3. Nikoj nee na svoja stolica zakovan so šajka - sekoj može da bide sibnat od nea - na demokratski način, so glasanje - ima mehanismi vo sekoja država (sem vo diktatura)(?). 4. Kraen čekor - gragjanska neposlušnost, novi izbori itn. 5. Ako čovek ke dozvoli, da mu s.... na glava - i ke mu s.... Tuka nema druga varianta. Tražili ste - imate. Za žal.
Од: Ivan
Датум: 16.09.2010 14:20:53
DRAGA GOSPOGO I CITATELI
Bi sakal koga pisuvate vakvi komentari ,svesno da ne zaboravate deka poveke od 3 mandata bevte na kormiloto na Makedonija ,deka ja opustosivte ,deka napravivte kriminalna privatizacija,dekazatvorivte i prativte vo stecaj i toa so mozese i toa so ne mozese,so drugi zborovi zatvorivte pretpriatija so bese naucna fantastika da bidat zatvoreni zatoa so donesuvaa golem a dobivka,na kraj ke ve potsetam samo na Nova makedonija ,samo zatoa so vi se kefna ja ponistivte privatizacijata nejzina i prodazbata i napravivte use dva tri takvi gafa ,pa sea sekogas koga covek ke pokusa da donese seriozen investitor site prasuvaat dali moze pak da se sluci takvo neso(da se vratite vie nazad na vlast pa pak da napravite takvi nesta?)prasuvaat koj moze vo taa zemja da ja garantira privatnata sopstvenost i da garantira deka nikogas ponovo nema da se vratite na vlast?use nesto kazete mu na narodot sekogas koga pisuvate vakvi statii i deka kadrite na SDSM seuste se na kl
Од: do Ivan
Датум: 16.09.2010 14:51:02
Pa poveke od dvaipol mandati ste na vlast! I cuda napravivte. Ne pobugarcivte so LjuBco, napravivte vojna, ispokradovte poveke od bilo kogo, ne izoliravte od svetot, sekojdnevno ginat luge po ulici, sekojdnevno umiraat luge po bolnici i ambulanti, skolstvoto vo raspaganje, ni donesovte pretsedatel-genijalec. Ne pali veke toa, vie celo vreme bevte na vlast!
Од: kiki
Датум: 16.09.2010 16:25:40
Gospodine Ivan nemojte ni vie svesno da zaboravate deka sme 2010 godina i na vlast za zal uste dve godini ke slusame sareni lagi.Lugje sto nemaat sto poveke da lazat ke ni kazuvaat sega koj bil tri mandati koj sto pravel vo 95g. i sl.Zatoa sto loso vladeea SDSM jas glasav za VMRO i totalno sum razocaran od podelbite sto gi napravi Gruevski so sopstveniot narod.Mojot glas go izgubija
Од: cane toronto
Датум: 16.09.2010 17:18:29
..."opustosivte ,deka napravivte kriminalna privatizacija,dekazatvorivte i prativte vo stecaj i toa so mozese i toa so ne mozese,so drugi zborovi zatvorivte pretpriatija so bese naucna fantastika da bidat zatvoreni zatoa so donesuvaa golem a dobivka,na kraj ke ve "..
Ivane, ako ti se razbiras od ekonomija i politika, jas sum Papa Pie 23ti. I vece rekovme: dosta e so minatoto!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.09.2010 18:49:43
Да министре Ставрески ако сакаш подобра живеачка под итно да ги прифатиш предлозите на опозицискиот лидер.А посебно она со стамбените кредити на кој државата ќе им ги плаќа каматите. Така на пр.едно четворочлено семејство ќе си купи 2 стана ќе ги издава под кирија,со едната крија ќе ги плаќаат ратите а со другата ќе живеат.Плус еден вработен од семејство,плус пензија,едноставно убавина. Живот како во бајките виножитни.
Едиторијал
Редакција: Мајаковски бр. 2 Скопје 1000 Скопје тел 3236 900; факс 3236901 e-mail: [email protected]