Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Ви се јавува желба да се дистанцирате од се', што нема тешко да ви падне. Ако сте разочарани од нешто во што сте ја вложувале својата надеж, не грижете се премногу. Работите набрзо ќе тргнат во саканата насока. Посветете им повеќе внимание на партнерот и на семејството.



БИК

Се наоѓате пред вообичаената препрека кога станува збор за работата. Тоа ве прави нервозни и надразливи. Со нервозите само го одложувате решавањето на проблемите, што може само да ја влоши ситуацијата. Партнерот се труди да ви укаже на грешките, но не го слушате.



БЛИЗНАЦИ

Во елемент сте, што значи дека се занимавате исклучиво со она што го сакате и што ве интересира. Моментално непријатно може да ве изненади тотална беспарица, бидејќи на сите други проблеми сте имуни. Од партнерот не очекувајте ништо спектакуларно.



РАК

Прилично сте мрзливи и ви недостасува виталност. Чувствителната конституција ве тера да тргнете во акција. Доколку ги одложувате обврските, може да имате само проблеми. Тешко ги поднесувате поразите, особено ако се поврзани со емотивниот живот.



ЛАВ

Грешите ако мислите дека никој не ве разбира. На околината и' е доста од вашата себичност. Мора да соберете сила и да се промените, т.е. да бидете поискрени, отворени и толерантни. Желни сте за вистинска љубов, но на сите им наоѓате некакви мани.



ДЕВИЦА

Ви недостасува објективност, па не можете да ги увидите сопствените грешки, и на професионален и на емотивен план. Системот на вредности ви е нарушен, па морате сериозно да размислувате за овој проблем. Здравјето е прилично добро, но не би било лошо да почнете да се движите надвор.



ТЕРЕЗИЈА

Повторно тема на денот ви се љубовните проблеми. Мислевте дека ги надминавте, но несогласувањата од емотивна природа повторно настапуваат на сцена. Бидејќи не сте начисто кога се во прашање емоциите, се возбудувате и правите испади. Секако, подоцна жалите за нив.



СКОРПИЈА

Барем сте насочени кон себе и задоволување на своите потреби. Најдобро знаете како треба да ја поправите моменталната состојба и да излезете од депресија. Активно соочете се со своите проблеми и преземете конкретни акции, а партнерот ќе ви помогне во тоа.



СТРЕЛЕЦ

Колегијалните односи се на удар, што не е за занемарување. Она што станува алармантно е отсуството на толеранција кога станува збор за партнерот. Семејството трпи поради ваквиот ваш став. Бидете објективни при расудувањето. Мислете и на другите.



ЈАРЕЦ

Меѓучовечките односи, кои никогаш не се идеални, денес станаа прилично проблематични. Чувствувате страв за својата егзистенција. Се советува смиреност, бидејќи на многу околности не можете да влијаете. Спас побарајте во оние што ги сакате.



ВОДОЛИЈА

Имате чувство дека соработниците ви работат нешто зад грб. Никако да ве остават намира. Иако идеално ги исполнувате задачите, никому не му е доволно тоа. Не дозволувајте некакви провокации отстрана да влијаат на вашето секојдневно расположение.

РИБИ

Бидејќи мислите дека погрешно ја проценивте ситуацијата, можни се проблеми и колебања, поради што интензивно ќе се нервирате. Се советува консултација со лице што може да ви помогне. Контактирајте со странство и одете некаде на пат. Тоа дефинитивно ќе ја подобри ситуацијата.




#
Најди! во Утрински