Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Ани Малинкова

пејачка

Денот ми почнува релаксирано - со кафе, овошје, па фитнес. Потоа одам да ја земам ќерка ми од училиште, па на кафе-дружење со пријателките. Попладне ми е крајно време да одам на шопинг и да се подготвам за утрешниот настап во ревијалниот дел од фестивалот „Филиграни“. Песните се од веќе утврден репертоар, па не морам да се грижам за тоа.

Гордана Челебиќ

мен. за производи во „Нестле Адријатик МК“

Вечерва, од 20.30 часот, е промоцијата на книгата „Гурманско едрење“, што ја подготвивме со Анита Палческа, во издание на „Младинска книга - Скопје“, а во соработка со едриличарскиот клуб „Пампур“. Промоцијата е, всушност, на пампурската забава пред октомвриската регата, па денот го минувам одморајќи се по напорната работа на книгата. Им се радувам на добрата забава, насмеаните лица и позитивната енергија.

Татјана Пуленџовска

новинарка во МТВ

Првиот дел од денот го минувам во МТВ, подготвувајќи прилози за изданието на „Добро утро Македонијо“ в понеделник. Собирам информации за Антонија Шола, која ќе ми биде гостинка во емисијата. По 15 ч. слободна сум за едно кафе-дружење, кое го договарам веќе две недели. Верувам дека денеска ќ�� го реализирам.


#
Најди! во Утрински