Број 2931  понеделник, 09 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Прослава на 8 Март во центарот на Скопје

Овој ден е прогласен за Меѓународен ден на жената од Обединетите нации со цел да се одбележи улогата на обичната жена во историјата и нејзината борба за еднаквост


Репродуктивната политика на Владата прави притисок врз правата на жената“, изјави вчера претседателскиот кандидат на СДСМ, Љубомир Фрчкоски, кој им се придружи на жените од СДСМ, на маршот што го организираа во центарот на Скопје, по повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март. Маршот се одржа под мотото „Жените гледаат напред“. Потпретседателката на СДСМ, Магдалена Несторовска, по завршувањето на маршот, рече дека се решиле на овој начин да го прослават 8 Март со цел да испратат порака до ВМРО-ДПМНЕ и Владата за ретроградната политика во сите сфери на општественото живеење и за правата на жените. Жените во светот го слават Осми март како симбол за нивните права. Овој ден е прогласен за Меѓународен ден на жената од Обединетите нации со цел да се одбележи улогата на обичната жена во историјата и нејзината борба за еднаквост.

На вчерашниот женски марш на социјалдемократките им се придружи и кандидатот за градоначалник на Скопје, Тито Петковски. Според него, обврска на еден градоначалник е да овозможи повеќе пријатни катчиња за да им се олесни животот на жените. По завршување на маршот, тој изјави дека ако биде избран за градоначалник, за кратко време Скопје ќе стане член на „клубот Стразбур“ и ќе отвори претставништво во Брисел.

„Таму се разменуваат искуства и се договара распределба на европските пари. На тој начин Скопје ќе може да користи средства од ЕУ. Формални пречки за тоа нема, само треба добра волја“, рече Петковски. Тој смета дека не постои никаква пречка Скопје да отвори свое претставништво во Брисел, а за тоа не е потребна согласност од Министерството за надворешни работи или од Владата.

„Жената заслужува повеќе права во државата. Досега ги нема реализирано докрај сите права што и' припаѓаат како политичар, жена, мајка, деловен човек и како интелектуалка“, изјави кандидатот за претседател на ЛДП, Нано Ружин, на вчерашната промоција на Декларацијата за унапредување на правата на жените.

Мери Минчоска од Форумот на жени на ЛДП, кој е промотор на Декларацијата, истакна дека како идни претставници во локалната власт ќе се залагаат доследно да ја спроведат, со цел да се зачуваат правата на жената. Минчоска најави дека Декларацијата ќе биде испратена до МАНУ, невладиниот сектор, Хелсиншкиот комитет, ОБСЕ и до сите релевантни институции. (Ж.Х.З.)


Статијата е прочитана 2074 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 09.03.2009 00:02:33
Frckoski samo si pravi reklama,ama dzabe mu e veke nitu zenite ne pagaat na " finite" izgledi i " slatkite" zborovi karakteristicni za SDSM!
Од: miki maus
Датум: 09.03.2009 00:12:12
kolku 8 marta imaat pominato tito i frcko vo politika e sega od ovoj pa nataka se ke resele.hahahahahahah
Од: blazo0870
Датум: 09.03.2009 00:45:16
zar ima zeni od sdsm , i zeni od vmro ,vo red e toa sto imalo mars ,no ne veruvam deka e za falenje.
Од: Trpe original
Датум: 09.03.2009 05:13:20
Se prashuvam koga drugarot Tito ke se povleche od politika???
Од: od zena
Датум: 09.03.2009 06:49:54
Za kakvi prava se borat nemozam da gi razberam. Pa zar nam vo makedonija ni se skrateni pravata? Ili za poveke igranje cocek na masite. Neznam veke sto ovie politicarite ne ke naprqvqt za da dobijat pogolem rejting a vsusnost pravat samo spletki za narodot. Dali se imate zaprasano kade na drugo mesto se slavi vaka pompezno 8 Mart kako vo Makedonija.
Од: Perunika
Датум: 09.03.2009 07:12:23
Ме интересира дали ги повикаа на маршот жените од текстилната од кожарската индустрија,.жените стечајци и останатите жени кои се оштетени од транзицијата и криминалната приватизација.
Од: Göran
Датум: 09.03.2009 08:38:52
Se iznasmeav koga procitav Schvrcko demonstriral so zenite. Ha ha ha E pa ovaka dragi moi sonarodnicki. Na zapad ne mu se obraca vnimanie na ovoj den mnogu. Zenite se vo golem stepan ravnopravni, a ponatamoshnata borba sto ja vodat e za podednakva plata i toa rabotno. PLatata im e negde 20% poniska. No razmisluvanjata i svacanjata ni se razlicni pa ne me cudi i nesoglasuvanje. Od 365 dena izbirate eden den za troshenje pari po kafanski zabavi na svoj trosok, shoping i plakati vo race. Namesto 365 dena pocit i ravnopravnost. Kolkumina od vashite mazi gotvat jadenje, perat alista, cistat i hranat deca? Nula - Nada! Moze li edna zena da vodi biznis voedno da vari jadenje, peri, cisti i cuva deca? Edna tabu tema e nasilstvoto doma. Koja zena smee da mu rece na mazot zemi pravosmukalka, zgotvi jadenje . . . . Sto tresam gluposti, neli? Napred so plakatite na Tito.
Од: Petre
Датум: 09.03.2009 08:42:35
moze da zboruvame za pravata na zenata - majka., a zati sto samo akaat ne bi ni zboruval..pa zosto zenite odat 2 god porano vo penzija ??? celata koncepcija e za zastitta na majkata, se drugo e LAGA.. a Frcko pak se izblamira so teski gluposti... Stimuliranje na natalitetot , Revitalizacija na ostarenite sela, toa se raboti koj SDSM ne moze da gi negira, ama sega bidejki ne im tekna prvi da gi proklamiraat, se GLUPIRAAT zaedno so nekoj belosvetski opajdari..
Од: Македонка
Датум: 09.03.2009 09:09:32
Конечно некој да организира марш за да се одбележи денот на жената. Кај нас најчесто се слави во кафеани со скари и со ора! Тоа е срамота бидејќи се заборава суштината на празникот. А за оние кои си се задоволни со правата јасно дека нека не излегле подалеку од Балканот! Како може жените во западно европските земји како Франција, Гермаинја и Велика Британија да не бидат задоволни од своите права, а нашите Македонки се сосема задоволни. Па браво бе жени со перспектива и визија!
Од: kole
Датум: 09.03.2009 09:22:19
Care !!! samo prodolzi taka!!!!
Од: јас
Датум: 09.03.2009 09:37:52
Барем направија нешто за да го одбележат денот на жената. Јасно е дека во Македонија животот на жената како единка е добар, но ова е пред се изведно заради лудите закони на Грујо, како на пример тој со абортусот, што влијаат на жената комплетно, а потоа и нацелиот народ!
Од: elena
Датум: 09.03.2009 10:01:44
sekoja cest na zenite vo marsot, bea prekrasni, sredeni , ubavi , vospitani, uceni zeni! tesko na onie od onaa drugana partija.....za niv nemam komentar!!!!
Од: zoki
Датум: 09.03.2009 10:28:13
Vcera na telefonot domasen mi se javija od stabot na DPMNE.Otkako ja izrecitira programata me prasa dali ke go podrzam Ivanov.Se zacudiv ne na arogancijata na DPMNE tuku na zenskiot glas od drugata strana.Ednostavno i odgovoriv:Srcka, odi veseli se, denes e Vas den.DPMNE e ke ima straoten pad.
Од: momo
Датум: 09.03.2009 10:46:02
Nesto so anketava da ne ne vi e vo red?????? Mislam taa za precednik????
Од: Princeza
Датум: 09.03.2009 11:06:11
Не верував дека СДСМ ќе стигнат до толкаво ниво на патетика. Нормално дека сите чекориме напред за посреќно утре. Ова е навреда за целиот женски род.
Од: ace
Датум: 09.03.2009 11:16:51
Paga rejtingot na VMROVCITE ha ha ha!!! Skapete
Од: dimitar
Датум: 09.03.2009 12:31:02
Dvajca bez trojca :) BMPO ke pobedi povtorno.
Од: korco
Датум: 09.03.2009 12:36:37
dali gi vidovte sdsmovskite zeni kako bea doterani? Mozat li obicnite graganki vo MK takvi skapi kostumcinja i fustancinja da si kupat? nema sansi. A od kade pari za takvi skapi raboti. Pa site tie tamu bea zeni ili kerki na bivsite komunisticki direktori
Од: dejan
Датум: 09.03.2009 13:26:35
Toa Frcko , taka treba da se podrzuvaat zenite a ne da se nosat zakoni so koj ke se vrakame u patrijahalno vreme. Ali ok go svakam jas covekot znam deka ne gi saka zenite a i zasto...
Од: vistinska ZENA vo dusata
Датум: 09.03.2009 14:11:45
Sekoja zena znae sto saka!Borci sme i se borime za se i so se!Praznik mi e sekoj den ako dobivam vnimanie i pocit!Ovie SDSM-ovski ualeni zenista ocigledno im fali nesto pa izlegle na sred Skopje da se pokazat i dokazat!Od vakvi 'gospogji' i 'dami' gospod da ne cuva i brani!!!!!P.S. Od VMRO-vka.
Од: gocem
Датум: 09.03.2009 16:14:43
Taka dolikuva da se odbelezi ovoj den, a ne po restoranti.....A na VMRO-vkite im e krivo sto tie ne se setija za ovaa. Kolku ke bese interesno od drugata strana da dojdea tie i... ovaj.... trebase nesto da se sluci ama nikako ne mi teknuva sto
Од: zac
Датум: 09.03.2009 17:08:49
neka ucat site kandidati za Pretedatel na drzavata od prof.d-r. Nano Ruzin kako se vodi evropska kampaj=nja so koja mojata Makedonija ke ja vidam konecno vo Evropa
Од: kiro USA
Датум: 09.03.2009 17:50:34
Ovie sto davaat komentar 95% tropaat gluposti sto nema nikakva smisla i mesto. Nekogas go prifakam kako komedija interesno e da se cita kako nasiot narod gi tumaci sekojdnevnite nastani vo MK.
Од: I.H.
Датум: 09.03.2009 18:11:33
Zenite vo Makedonija se dovolno umni i sposobni da gledaat jasno napred i bez Frcko i negovite povrsni izjavi i cvekinjata na SDSM, a sto se odnesuva do gospodinot Tito Petkovski mozel da ponudi i nesto podobro od prijatni katcinja preku koj ke go olesni zivotot na zenite...Katcinja.. zalno
Од: h.kavadarci
Датум: 09.03.2009 18:40:49
Не верувам дека жените од сдсм гледаат напред повеке ми се чини дека гледаат назад зошто ако гледаат напред ке гледаат во вмро-дпмне

Најди! во Утрински
Македонија
Агресивен белодробен вирус коси и млади и стари лица?
Злате Билјановски