Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

Патен: ЕУ никогаш нема да биде вистинска сила

И поранешниот ЕУ комесар за надворешни односи се појави на Викиликс

БРИСЕЛ - Поранешниот ЕУ комесар за надворешни односи Крис Патен во разговор во 2004 година со американски дипломати објаснувал зошто ЕУ никогаш нема да биде "вистинска сила", размислувајќи за сомнителното минато на некои ЕУ лидери и рекол дека рускиот лидер Владимир Путин има "очи на убиец", открива телеграмата објавена на "Викиликс".

Под наслов "Вечера со Христос: случајни мисли од комесарот Патен", американскиот амбасадор во ЕУ, Роквел Шнабел, на 28 април 2004 година, ги изнел коментарите.

Британскиот конзервативец, Патен го изразил својот скептицизам дека ЕУ никогаш нема да стане "вистинска сила" бидејќи "секогаш постои некој во просторијата кој е претерано внимателен и ќе инсистира на 'разумно' разгледување на проблемите", пишува во телеграмата. "Да се биде вистинска сила, вели Патен, земјата мора да биде подготвена и способноста да прифати и имплементира политика, дури и ако остатокот од светот ја смета за неразумна. Европејците може да се согласуваат или несогласуваат со американската политика, но тие се восхитуваат на тоа дека САД се подготвени да ги спроведат политиките кои сметаат дека се најдобри, без разлика на тоа што остатокот на светот мисли за нив".

За Русија, од каде Патен се врати пред една недела, вели дека Владимир Путин, кој беше претседател во тоа време, направил добра работа главно поради високата цена на енергијата, но има сериозни сомневања за карактерот на човекот.

Предупредувајќи дека "не велам дека гените се решавачки фактор", Патен тогаш ја разгледа семејната историја на Путин: дедо му бил дел од специјалниот тим за заштита на Ленин, а татко му бил апаратчик на Комунистичката партија, а самиот Путин на млади години донел одлука да прави кариера во КГБ. "Тој изгледа како потполно разумен човек кога дискутира за Блискиот Исток или енергетската политика, но, кога конверзацијата ќе се сврти кон Чеченија или исламскиот екстремизам, очите на Путин се претвараа во очи на убиец", кажа тогаш комесарот.

Само три дена по клучниот референдум за поделениот остров Кипар, во кој кипарските Грци ги отфрлија плановите за реунификација изнесени од ОН, Патен рекол дека ЕУ комисијата ќе се фокусира на "смислување како да троши пари во Северен Кипар", турскиот дел кој де факто би останал надвор од ЕУ кога Островот ќе и' се приклучи на Унијата, на 1 мај 2004 година.

Официјалниот претставник на ЕУ забележал дека кипарските Грците дипломатски биле "веднаш зад" по нивните еклатантни напори да се задушат опозиционите ставови за референдумот на ОН. "Овој инцидент, вели Патен, беше тажна рефлексија на реалностите за проширувањето на ЕУ: некои од новите членки беа 'луѓе со кои би сакале да вечерате само ако имате многу долга лажица'. Не дека ЕУ требаше да биде изненадена од однесувањето на претседателот на кипарските Грци, Тасос Пападопулос, вели Патен, бидејќи тие добро знаеја со кого си имаат работа: адвокатот на српскиот лидер и воен злосторник, Слободан Милошевиќ".

За Турција, чијашто кандидатура за ЕУ, Патен беше "најголем поборник во Комисијата", британскиот политичар претпостави формално отворање на разговорите за прием - кои почнаа во декември 2004 - но, забележа дека политичката клима во Европа е непријателска. Франција, традиционалниот противник на влезот на Турција, не беше голем проблем, посочува Патен, бидејќи нејзиниот претседател во тоа време, Жак Ширак, "може да ја промени својата политика од каприц".

Голем камен на сопнување за Анкара, според мислењето на Патен, биле конзервативните партии во Германија - во тоа време во опозиција, меѓутоа, на пат да победат на изборите следната година - и во Шпанија каде конзервативната Народна партија само што беше соборена од власта, но се' уште беше влијателна.

Проширувањето на ЕУ како процес на интеграција во заедница, во тоа време не беше целосно разбран од САД, која ја гледаше експанзијата слично на онаа на НАТО, посочува Британецот. "Треба, на пример, да бидеме подготвени да им веруваме на нивните стандарди за храна и јавна хигиена", рече Патен.

Политичкото пазарење, исто така, беше голема компонента во проширувањето на ЕУ, објаснува комесар��т. "На пример, Кипар веројатно немаше да биде примен, но Грците инсистираа на приемот на Кипар како цена за да дадат согласност за некои од северноевропските кандидати", пишува во телеграмата. "Хрватска, вели Патен, веројатно е далеку поподготвена за членство во ЕУ отколку Бугарија или Романија, кои изгледа ќе влезат порано во Унијата. Особено Романија беше 'груба нација', забележува американскиот дипломат. (ЕУ Обсервер)




#
Статијата е прочитана 441 пати.

Испрати коментар

Од: Silvester, Sidnej
Датум: 04.12.2010 14:22:54
Koga bi go imale Putin za pretsedatel (diktator)samo 6 meseci......eejjjjjj !!!!
Од: spire
Датум: 05.12.2010 16:25:16
Dur ne vleze Makedonija, navistina nema da e sila.........koga ke vleze Makedonija, ako ne drugo barem ke im sadime drvca..................

Најди! во Утрински
Свет
Протестите се во грчките гени
Пожар во Израел - 41 загинати
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society