Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

Пожар во Израел - 41 загинати

ХАИФА - Билансот на жртвите од најголемиот пожар досега во Израел вчера достигна 41 лице, а противпожарни екипи и опрема почнаа да пристигнуваат од цел свет за да помогнат земјата да се справи со катастрофалниот пожар. Пожарот, поради кој се раселени илјадници луѓе, се' уште беснее во шумите во северен Израел, како и во предградијата на третиот најголем град Хаифа.

Откако беше упатен повикот за помош во Израел пристигна досега невиден конвој со меѓународна помош. Израелски претставници јавија дека пристигнале околу 100 пожарникари од Бугарија, како и сили од Јордан и од Грција. Противпожарни авиони се на пат од Велика Британија и од Кипар, како и помош од САД, Русија, Египет, Шпанија, Азербејџан, Романија и од Турција - кои ги оставија настрана неодамнешните тензии за да подадат рака. Министерот за надворешни работи, Авигдор Либерман, изјави дека севкупната меѓународна помош се очекуваше да стигне вчера попладне. Во интервју за израелското радио тој изрази надеж дека пожарот би можел да биде локализиран до ноќните часови. (АП)


#
Статијата е прочитана 218 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Протестите се во грчките гени
Патен
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society