Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Писма
Во „Утрински весник“ од 28 јуни 2011 година е објавен напис „Мостот на Нина замина во историјата“, од некојси новинар В.М.

Уранија Нина Поповска, Струга

Во врска со написот, ве молам да го објавите и мојот одговор. Ќе почнам со ред:

На многумина денес им пречи изградбата на Скопје и на спомениците. Па, нормално би било некој да не е задов��лен од изградбата на дрвениот мост преку регулираното корито на реката Црн Дрим во Струга, а кој беше изграден во далечната 1987 година. Неговата цел беше да се обезбеди комуникација со граѓаните во Струга од двете страни на реката Црн Дрим и како второ, да им се излезе во пресрет на барањата и на размислувањата на тогашните членови на Советот на „Струшките вечери на поезијата“ за поспектакуларно одвивање на таа светска манифестација.

На градежниците им е познато дека дрвените мостовни конструкции не се вековно издржливи и без нивно редовно одржување, нивниот век би траел пократко. Во тој период, во далечната 1987 година Струга беше неразвиена општина, па со тие скромни средства со кои располагаше општината го поддржа урбанистичкото решение на Струга и обезбеди финансиски средства за дрвениот мост, свесни дека во подобри времиња ќе биде заменет со постојано конструкција бетон или челик. Безимениот новинар В.М. си зема за право и слобода да мостот го нарече - мостот на Нина. Каква дрскост?!

Јас, па и јавноста очекуваат од вашиот дописник од Струга или Охрид, да напише нешто од таканареченото слободно новинарство за рушењето и исчезнувањето на струшкото старо јадро на струшката чаршија, на струшката стара архитектура, за унакажувањето на регулираното корито на реката Црн Дрим и брегот на Охридското Езеро.

Што се однесува на вториот дел од неговиот напис, сакам на вашиот дописник да му го кажам следното:

Политиката на творците и на организаторите на вевчанскиот случај беа поразени со потпишувањето на Охридскиот договор. Политиката на еднаквост и на политиката на животните потреби на населението во согласност со законите се покажаа исправни. Но, за жал, и денес по толку години, можам да констатирам дека просторот е загаден со националистички тенденции чии носители на тие тенденции се поединци.

Новинарот вели: Гошев им се извинил на граѓаните во Вевчани во 1990 година, а тоа значи дека ги поддржал оние што го попречуваа снабдувањето со вода на муслиманското население во с. Октиси, на оние што го затвориле вентилот да тече вода кон с. Октиси, оние што ги искорнале и ги запалиле доводните цевки и оние што ја попречиле работата на работната организација „Бетон“ да го изведе водоводот за водоснабдување на с. Вевчани и с. Октиси, чии носител беше Владата на СРМ. Да го потсетам безимениот новинар В.М., дека учесниците на затворањето на славините на вода од Липковското Езеро, се процесуирани од Хашкиот трибунал, за дело геноцид против населението во Куманово и во Кумановската околина.

Во што е разликата меѓу вевчанскиот и кумановскиот случај?!

Разликата е само во националноста на учесниците во тие злодела, едните се Македонци, а другите Албанци, па за едните важи законот, а за другите - вевчанците, тој настан бил почеток на демократијата. Паролата „Не им даваме вода на остатоците од империјална Турција“, зад која стоеја таканаречените демократи, доведе до крах на политиката на Гошев и неговите истомисленици. Таквата политика ги продуцираше настаните во 2001 година.

Што се однесува, пак, на изнесувањето на новинарот со иницијали В. М. во врска со интервенцијата на полицијата во с. Вевчани за која Гошев во 1990 година им се извинил на вевчанци, тој истото тоа требаше да го направи за интервенцијата на полицијата во с. Радолишта за интервенцијата во Ѓорче Петров, Старата чаршија, Бит-пазар Скопје, Гостивар и за разградувањето на зградата на општествено-политичките организации во Струга, кои се склучија кога г-динот Гошев имаше политичко и друго влијание врз тогашната актуелна политика во Македонија. Овие настани и интервенции се неспоредливи со таканаречениот вевчански случај.

Депласирано е тврдењето на анонимниот новинар В. М. и би се рекло дека е во длабока заблуда дека раководството во Струга се залагало за водоснабдувањето на вилската населба Елен Камен од вевчанските извори. Тој со ништо не може да го докаже тоа. Населбата Елен Камен и тогаш и денес се снабдува со вода од блиските извори.

Што се однесува, пак, до загриженоста на новинарот со иницијали В.М., би го информирала: Јас, Уранија Нина Поповска не сум заминала засекогаш од политичката сцена ниту можам да бидам рамнодушна зашто најмилото е вградено во историјата и во темелите на оваа држава. Моите активности во овие демократски процеси повеќе се насочени преку цивилниот невладин сектор.

#
Статијата е прочитана 1261 пати.

Испрати коментар

Од: Chitatel
Датум: 06.07.2011 00:54:38
Ne kosete se, Nina! Tochni se navodite vo vasheto pismo, "demokratite" Vevchanci ne sakaa d ja dadat vodata za muslimaniet od Oktisi da miele izvesen del od teloto ( originalno beshe kazhano pogrubo). I stanaa "zhrtvi" na komunistichkiot rezhim...kaj da e i borechka penzija ke pobaraat, zashto vodata im beshe nasledena od dedovcite im. A na nekoj si V.M. nemojte da mu zamerite, lutete mu se onoj shto go pomoviral kako novinar -kutriot. Izgleda e dobar za vnesuvanje smut i da potpaluva strasti, od novinarstvo kaj nego nema ni "n".
Од: albanec
Датум: 06.07.2011 01:34:47
ne ja poznavam gospogava a ne mi se najmili komunistickite funkcioneri no ova so go pisuva ima pravo!!! ne moze novinar da frla obvinenija ej taka i da se krije po iniciali i duri licni kvalivikacii da dade za zenata. inace na sekoj ke bide lesno za sekoj da pisuva so saka i da pokaze samo edna strana. najmalku so trebal da napravi novinarot e da pobara i nejzino mislenje za se toa a ne da nema pravo na izjava. pa i vo nurnberg na nacistite im davale pravo da se branat pa ne veruvam taa da bila polosa. sepak mislam deka dnevnik ne e vecer i ima po intelegentni luge so go citaat
Од: Lazo Stefanov
Датум: 06.07.2011 08:08:24
Bravo Nina! Od ogromna vrednost e stavot da sekoj, najnapred treba da se bori protiv sovinistickite razmisluvanja i deluvanja vo sopstvenite etnicki sredini. Nemase da dodjeme do ova derege.
Од: Вевчанец
Датум: 06.07.2011 08:41:34
И после 25 години од Вевчанскиот сл��чај не биле доволни на авторката на овој текст да и дојде умот. Се уште лаже за мотивите поради кои дојде до тој случај и се уште пласира невистини за некаков си шовинистички намери на Вевчанци. Далеку од вистината. Од позиција на моќ сакавте да покажете сила, дека сте богови, дека се можете да си дозволите, а народот мора да ве слуша и да се потчинува. Но не и Вевчанци, плановите ви се изјаловија , налетавте на тврд орев.Сите ве построивме пред тогашна ЦК на РМ како ќурани да се извинувате. Во која партија пливаш сега, а? Штом си имала храброст да го крениш гласчето?
Од: Maskembal vo zivo
Датум: 06.07.2011 09:35:52
Poznato e deka so godini Vevcanci svojot nacional - sovinizam, , religiska intolerancija i egoizam , go maskiraat so nekakov si navoden duh na slobodoljubie i prkost.Pa neka toa go prestavan na nivniot maskembal.
Од: bitola troa skolovan
Датум: 06.07.2011 10:09:19
Za zal celnata grupa na Vasiot komentar e mala i dovolno poznata na istata,se drugo sto ocekuvate deka ke go razbere e greska zaradi toa sto narodecot nas nasusen razmisluva so emocii i ne prepoznava zakon i pravda.Dadovte dobar odgovor za koj nie srednovecnite sme i svedoci na taa vistina.
Од: Jован АН
Датум: 06.07.2011 10:25:30
Госпоѓата Поповска безочно лаже и навредливо прави споредба со Липковската брана.Не е точно дека вевчанци “не сакале“ да им дадат вода на муслиманите(!?) од Октиси.Прво,во Октиси живеат и православци.Второ,еден јаз вода од Вевчанските извори,со меѓусебен договор,е одвоен за Октиси уште многу одамна.Трето,не се “градеше“ водовод туку цевковод.Четврто,ароганцијата на тогашните моќници од Струшкиот комитет доведе,можеби за прв пат во светот,до употреба на електрични пендреци на жени и деца!Петто,на “вевчанскиот случај“ му претходеше и обидот на одземање на Здравтвената станица во Вевчани.Шесто,со октишани беше преговарано и пред тоа за заеднички водовод но не дојде до согласност поради одбивањето на октишани со тој водовод да управува веќе постоечкото водоводно претпријатие од Вевчани.Према тоа споредбата со з а п и р а њ е т о на водата за Кумановчани со овој “случај“ нема врска.Факт е дека од тој “случај“ почна демократизацијата во тогашната заедничка држава,а особено во Македонија.
Од: vasil radinoski
Датум: 06.07.2011 12:08:37
Настаните за кои зборува госпоѓата Попоска,или "Битката за Вевчани"еден американски аналитичар ги смета за најзначајното нешто што се случило во Македонија и на просторот на бивша Југославија од аспект на автохтоно движење за заштита на човековите права.Од пред десетина години МЗ Октиси доброволно се откажа од вевчанската вода и не ја користи.

Најди! во Утрински
Писма
Суштината ја нема

"""