|
|
|
|
|
|
Суштината ја нема
Проф. д-р Трајче Грујоски
Повод: „Славата, митот и крвта на ВМРО“, „Утрински весник“, 30 мај-24 јуни 2011
Бидејќи фељтонот се дефинира како забавна журналистика, прашање е што беше забавно во ова долго и тешко четиво? Секако, непосредните актери, во тоа нивно време, заслужуваат длабок пиетет и восхит за нивните искрени надежи и копнеж. Почит кон вложениот труд на авторот. Меѓутоа, се чувствува сериозна празнина, бидејќи е прикажана само едната, појавната страна на тие бурни настани. Не се ни допрени вистинските субјекти и нивните скриени валкани цели што се остварувале на сметка на саможртвувањето на благородните идеали на македонскиот народ. Накусо, зборот ми е за улогата на бугарската држава, посебно на нејзиниот царски двор и воениот врв. ВМРО од основањето до забраната на нејзиното постоење перманентно била објект на перфидна манипулација од споменатиот врв на Бугарија. Македонската историографија одамна го оценила тоа во вистинска светлина. За разлика од фељтонот во кој ја нема таа суштина. Во насловот: „Во ВМРО немало само комити“ се тврди дека истакнати интелектуалци-членови на ВМРО: „преговараат со претставници на европските држави за статусот на Македонија, барајќи решавање на македонското прашање“. А, не е воопшто укажано каква била суштината на статусот на Македонија, кој го застапувале спомнатите што биле високи функционери и дипломати на бугарската држава. Истото тоа се однесува и на тврдењето дека ВМРО создало комплетна дипломатска мрежа.
Забележително е што од двајца македонски историчари најмногу е цитирано мислењето и лесно се прифатени ставовите само на едниот, новиот. Ама и тој во изјавата ем критикува дека македонската историографија прави црно-бела „диференцијација на личности“ со наклон кон лево ем самиот го фаворизира тоа што кај нив го оценил како лошо за тој се наклонува кон десно. |
#
|
Статијата е прочитана 756 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Poznato Vi e dobro |
Датум: 06.07.2011 00:20:35 |
|
G-dine Grujoski. Vie dobro znaete koi i kakvi bea korenite i evolutivniot razvoj na VMRO od nejzinoto stvaranje pod imeto BMORK , preku TMORO pa duri vo 1919 godijna obnovena pod ime VMRO. Koi sili i snagi imale vodecka uloga vo taa organizacija Vi e poznato./ Toa e i pricina za site ponatamosni delbi, premrezja i raznoglasija koi se prisutni se do denesen den. I vo vase vreme , a i sega se izkazuvaat "dozirani" i kontrolirani istoriski fakti za samata organizacija i nejzinite dejci, a mnogu raboti namerno se premolcuvaa. i togas i sega . So koja cel? ? Vie toa dobro go znaete. |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 06.07.2011 10:15:23 |
|
Da dodadam samo deka na ovaj narod iskljucivo preku VMRO i bese nanesuvano zlo samo preku nasi kupeni ludje za grst zoltici sto sme svedoci i sega za zal koga se rastura drzava samo za pari . |
|
|
|
|
|
|
Од: НИКОЈ |
Датум: 06.07.2011 14:24:40 |
|
Во право е професорот, бидејќи целта на фељтонот, барем и јас така осетив читајќи го, беше да се демистифицираат некои факти и податоци што сами по себе се наметнуваат ,но никако да го најдат вистинското место во нашата историја. Посебно поради фактот што знаеме какви градежно-историски „потфати“ превзеде „нашата“ Влада во тој контекст.
Според тоа, г-динот Виктор Цветановски во тој поглед не понуди ништо, и покрај тоа што има низа на податоци кои можат да се обезбедат. Од една страна доколку директно и дрско се напишаа во фељтонот, сметам дека ќе придонесоа кон разбивање на некои митови кои и ден денес не пумпаат со вештачка патриотштина и национализам.
А од друга страна, пак и сметам дека редно време е директно и дрско да се постават сите тие прашања, ако ништо друго, заради нас самите, за да не талкаме попусто барајќи имагинарна историја. Со тоа ќе се зачепат и сите преостанати национализми што долго време ни штетеле и ни штетат. |
|
|
|
|
|
|
|
|