Број 3317  сабота, 26 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Што прават денеска

Есма

пејачка

Во денешниов ден влегувам со особена радост. Вечерва приредувам еден вид матурски коктел за деветмина штитеници на Домот на деца без родители „11 Октомври“, кој неодамна матурираа. Се радувам за нивната истрајност, храброст и успех. За нивниот нов почеток во светот на возрасните ќе им подарам по 100 евра.

Благој Мицевски

костимограф и сценограф

Интензивно работам на костимите за претставата „Калеш Анѓа“, што се подготвува во Битолскиот народен театар за средината на јули. Паралелно ја организирам и работата на костимите за „Хамлет“ на Драмски театар, кој ќе се игра на „Охридско лето“. Радосна вест ми е дека се подготвени костимите за „Љубљанско лето“ за балетот на Рисима Рисимкин.

Магдалена Ризова-Черних

актерка

По осумдневно речиси деноноќно снимање на „Македонски народни приказни“ во Битола, т.е. во селото Маково, овие два-три дена, од вчера само се одморам и ништо не работам. Веќе во петок продолжуваме со снимање нови епизоди, со исто осумдневно ударнично темпо.


#
Статијата е прочитана 25 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Деспина Траjковска
ЕДИТОРИЈАЛ
Сања Наумовска
Мислења
Џозеф С. Нај
Мислења
Филип Петровски
И бебињата умираат поради сиромаштијата

Анџелина Џоли
Анистон да не се доближува до нејзините деца