Број 3429  четврток, 11 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Кокан Димушевски

музичар

Деновиве си земам одмор да ги „средам коцките“ од напорната година зад мене. „Одморот“, всушност, значи дека ќе ги завршам само неодложните обврски на работа, со радиодизајнот. Токму заради „средување на коцките“, се откажав и од ангажманот за уметнички директор на домашниот „Евросонг“. Сепак, останувам на располагање за идеи, но не сум расположен за истурената позиција.

Љупка Џундева

актерка

Убаво ме изненади топлото време среде есен, што ми го подигна расположението. Денеска, по подолго убедување, ќе одам да го гледам филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски. Сакам да го комплетирам сознанието за неговото творештво, бидејќи редовно ја следам неговата работа и ги имам гледано сите негови филмови.

Ирена Спасовска

пејачка

Претпладнето сум ангажирана со обврските за студиите по менаџмент на еколошки ресурси. Во сред колоквиумска недела сум, па голем дел од денот користам за учење. Попладне одам на снимање на една ТВ-емисија, а потоа се занимавам со училишните задачи на ќерка ми Тамара. Вечер од 21 ч. имам настап во ресторанот „Беровец“.


#
Најди! во Утрински






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry