Број 3429  четврток, 11 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Можете да се надевате на успех, само доколку веќе почнавте да решавате некои важни проблеми. Меѓутоа, ако чекате другите да го сторат тоа за вас, немојте да се надевате на поволен исход. Најпаметно е да се верувате во себе и во своите потенцијали, кои и тоа колку ги имате.



БИК

Се наоѓате во расчекор меѓу желбата и можностите. А кој не е? Ви недостасува сила и у��орност за да реализирате некои идеи. Желбата постои, меѓутоа, таа не е доволна. Не дозволувајте моменталната ситуација да ве исфрли од колосек. Наскоро ќе дојдат подобри времиња и проблемот ќе се реши во ваша корист.



БЛИЗНАЦИ

Имате потреба за малку акција потрепена со мала доза на имагинација. Работите се одвиваат многу подобро во вашата глава. Штом тргнете во некаква реализација, проблемите започнуваат. Чувствувате блага напнатост и недоволна сигурност. Крајно време е да се вразумите и да верувате во себе.



РАК

Можно е да се појави проблем во комуникацијата со вашите соработници. Иако јасно знаете што сакате, работата која ја вршите бара совет од околината, па може да дојде до некои несогласувања. Очигледно, се наоѓате на дијаметрално различни бранови должини. Не треба да очекувате премногу од своите колеги.



ЛАВ

Се наоѓате во релативно добро расположение. Не очекувате се што сте посакале да ви падне од небо. Свесни сте на фактот дека ако сакате да завршите некоја работа, треба добро да ги засукате ракавите и целосно да му се препуштите на проблемот.



ДЕВИЦА

Главата ви е полна со чудни идеи. Немојте премногу да размислувате. Опуштете се, треба да внимавате да здравјето. На тој начин ќе ги совладате хипохондричноста и тремата кои владеат со вас во пресрет на некој настан. Верувајте во позитивен исход, тој нема да изостане.



ТЕРЕЗИЈА

Забележувате дека работите не се одвиваат онака како што планирате. Време е да се преиспитате и отпочеток да ги составите коцките. Не се преценувајте. Патот до совладувањето на проблемот е често е сложен. Нека биде тоа предизвик за вас.



СКОРПИЈА

Ќе настојувате да ги решите сите планирани обврски. Кога е во прашање здравјето, можни се проблеми со крвниот притисок заради вашата нередовна исхрана. Минувајте повеќе време на воздух и примајте повеќе витамини.



СТРЕЛЕЦ

Вашиот успех се должи на константната упорност. Ценете ја големата подршка која ви ја пружаат соработниците. Партнерот неизмерно ве сака, но мисли дека не ја возвраќате љубовта доволно. Не претерувајте во обидите да бидете она што не сте.



ЈАРЕЦ

Настапете похрабро во односите со вашиот партнер. Морате да разговарате поотворено и да ги решите сите дилеми околу вашата врска. Чувате премногу работи во себе. Знајте дека добрата врска се темели на искреноста. Бидете директни во она што го сакате.



ВОДОЛИЈА

Се мачите со секојдневните рутини и монотонијата. Добро ќе ви дојде некоја промена. Морате да соберете сила за да успеете во несогласувањата со партнерот. Земете ја под рака љубената особа и прошетајте малце на воздух. Тоа одлично ќе делува и на двајцата.



РИБИ

Иако се трудите и макотрпно работите, добивате само дел од она што сте очекувале. Морате да научите да се задоволувате и со делумен успех. Подобро организирајте го слободното време. Шетајте и занимавајте се со своето омилено хоби.














#
Најди! во Утрински
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language