Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Писма
Го уништија високообразовниот систем

Јован Костадинов

Дали некој во оваа држава води барем малку сметка со целокупниот образовен систем? Дали некаде се води некаква анализа на податоци за потребите во системот? Имам толку многу прашања за кои, очигледно, никој не води сметка, па затоа и ние, студентите, денес се чувствуваме како бели експериментални глувчиња на кои од година во година им ги менуваат условите.

Како е можно една држава што едвај полни 20 години независност и од која произлегле и магистри и доктори на науки и толку многу дипломци да се рече - пу-пу не важи за вас и ќе ви менуваме се' од корен што се однесува на вас. Земјите, како што се Англија или Франција, кои имаат повеќе вековна традиција во студирањето ниту еднаш не се осмелиле да менуваат ништо затоа што еднаш заклучиле кој е начинот само на кој може да се доусовршат и подобрат условите. Кај нас е обратно.

Тоа што некогаш беше вредно, оваа власт успеа и го урне. Студирав Правен факултет, кој некогаш беше факултет од реноме и со посебна строгост и дисциплина. Денес на тој ист Правен факултет магистерските студии се полесни од студирањето. Опаднат е во комплет целиот систем и не се градат критериуми, туку напротив се градат само неспособни кадри, кои откога ќе го завршат факултетот врз база на заокружување на четири, можни одговори би требало да излезат правници, економисти, па замислете и доктори на науки еден ден.

Дали сакаме од оваа држава да направиме само дипломци што еден ден би имале работа и на улица? Дали е поентата сите да сме писмени и да не нудиме услови и на работи за кои е потребна и средна стручна спрема? И тие писмени што ги спомнав ќе бидат со толку ниско познавање на работите од причина што никој од власта не се грижи да створи високи критериуми, туку сака само да се фали по реклами дека сите млади студираат.

Што оваа влада или некоја следна би правела со цел тој кадар на дипломирани и магистри? Како влада што не се грижи за образованието и фрла пари само на реклами сака да има добри услови на студентите кои остануваат со свиткани ракави на се' што досега им е ветено. Прво, не се труди да размислува на инвеститори, кои еден ден би ги вработувале тие кадри, второ, не се труди да размислува дека премногу ни вети, а не само што не остварува туку и го турка образованието надолу.

И кога ќе ги завршиме и магистерските, пазарот е тој што ни бара премногу услови, кои ние во текот на студирањето на сме ги стекнале. Кој друг може да е виновен освен власт, која во својата програма и реклами, кои се' уште течат како програма за перење памет ветила не знам какви се не услови, а ништо не е остварено. Па и тоа малку што го имавме го укинаа.

Ни ветија ваучери, државата не успеа ни три години да ги финансира, ама затоа ќе имаме милионски споменици. Крововите од училиштата се распаѓаат, ветија изградба на нови, ниту едно не е пуштено во употреба, ама затоа, нели, си имаме споменици. И оние кредити со помош на кои можевме да студираме ни ги укинаа. Оваа држава има пари за се' само не за онаму каде што реално треба да се инвестира, а тоа е во своите деца. Толку многу ветено и неостварено остана од оваа власт, која си игра со целокупниот образовен процес и не гради стандарди по кои ќе бидеме препознатливи, туку, напротив, успеа да ги урне сите вредности што некогаш ги имавме.

#
Статијата е прочитана 732 пати.

Испрати коментар

Од: riki
Датум: 21.12.2010 12:08:43
Denes izleguva msa nepismeni studenti. Znam nekolku slucai, kade sto se na nivo na osnovno obrazovanie, a zemaa doktorat. E takvi sega gi ucat drugite deca, toa se profesori na fakulteti.
Од: stavre
Датум: 21.12.2010 12:18:21
NAVISTINA TAKA E ZA ZAL.........MN DOBRO KAZANO SAMO KOJ SLUSA...
Од: nekoj
Датум: 21.12.2010 12:21:41
Aman dosta sto tie tituli doktor, magister bla bla. Toa se akademski tituli! Tie tituli vazat edino vo obrazovnite i naucnite ustanovi, kade lugeto odat zatoa sto odredena oblast gi interesira do stepen sto bi se posvetile na nejzino istrazuvanje a ne za da se pokazuvaat naokolu "jas sum dr, mr.." Zanete li voospto kako funkcionira svetot bre luge? Celta na obrazovanieto i siot vlog vo nego e da seto ona vreme i pari sto ste gi potrosile eden den vi se vratat. Na pazarot na trudot postojat dve kategorii na luge: Luge bez iskustvo i luge so iskustvo. Ako jas imam da primam na rabota 2ca eden bachelor i eden magister, ke dobijat ista plata zatoa sto i dvajcata se bez iskustvo! Na kraj moze da se pokaze deka i srednista koj imal poveke akal gi nadmine i dvajcata. JASNO? Izlgeda tamu site zemate tituli samo za da se pravite "pametni" zatoa i Makedonija e mnogu "napredna".
Од: Професорка
Датум: 21.12.2010 13:03:40
Два најголеми грева се направија во Високото образование: Прво, поставување на партиски послушници Ректори и Декани Второ, дисперзираните студии. Ова е дефинитивен крах и на тоа малку што остана како инерција од стариот систем. Жртви се студентите, но и професорите.
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 21.12.2010 14:55:18
Точно е дека треба д асе почитува независноста на универзитетите,секоја чест за тоа,но мислам и дека треба малку да се пор аботи на искоренувањето на длабоко вкоренетата корупција кај некои професори!да се подигне квалитетот на студирањето,да се овозможат подобри услови за тоа и секако-стопирање на непотизмот во факултетите,крај на корупцијата и на неквалитетните кадри!само така ќе имаме образование на кое ќе ни позавиди секој..
Од: karokan "gambit"
Датум: 21.12.2010 18:59:49
Pa g-dine Aleksandar od Sv. Nikole,nikoj ne veli deka ne treba da bide taka kako sto naveduvas vo tekstot. Rabotata e vo toa sto ne e taka i ne se pravi da bide taka. Ubavo naveduva nekoja komentatorka pod naziv Profesorka,deka imame krah vo obrazovanieto. Toa pak samo po sebe znaci deka ni vo nekoja podalecna idnina ne se gleda svetla perspektiva, ne za samoto obrazovanie tuku za zemjata voopsto. Posledicite od edno takvo obrazovanie najmalku se vidlivi,no so dolgi i teski posledici!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Најди! во Утрински
Писма
Стоиљковиќ мене ме навреди!
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks