|
Хороскоп
Овен
Одлично сте расположени и планирате да заминете на подолго патување. Ситуацијата на љубовен план покажува знаци на закрепнување. Успехот на работа и во јавноста. Здравјето ви е променливо. Можност да се разболите од грип.
Бик
Поволен ден за деловен успех. Можност за промена на работата, но на подобро. Задоволството ви доаѓа преку партнерот, а добрите вести можете да ги очекувате во семејството. Проблеми со ’рбетот и со колената.
Близнаци
Пред вас е исклучително поволен период за дружење. Љубовниот живот, главно, ви е хармоничен. Задоволство во љубовта, но нестабилни финансии. Ненадејно заминување на пат. Помали проблеми со кожата.
Рак
Ве очекува многу работа што, сепак, со леснотија и со радост ќе ја завршите. Денеска ќе бидете задоволни од љубовта, а и финансиите полека се подобруваат. Нема да излезе ништо од патувањето што сте го планирале.
Лав
Расположението ви е одлично, а се' што е поврзано со умствена работа добро ви оди. Односот со партнерот е хармоничен, а во љубовта доминираат страстите. Успех во игрите на среќа. Возете внимателно.
Девица
Љубовниот живот ви е вознемирувачки и лесно може да премине во кавга. Повеќе од се' ви е потребен внатрешен мир. Ситуацијата на финансиски план се подобрува. Промени во домот. Здравјето е одлично.
Терезија
Во љубовта успевате да пронајдете заеднички јазик, што не може да се каже и за другите области во Вашиот живот. Недоразбирања со колегите на работа, но и со пријателите. Сепак, ве очекува неочекувана парична добивка.
Скорпија
Пред вас е исклучителна можност да заминете на службено патување. Искористете ја, ќе ви се исплатува. Финансиите сигурно ви се подобруваат. Здравјето е в ред, но емотивно сте празни. Спортувањето многу ќе ви помогне.
Стрелец
Ќе бидете пријатно изненадени од некој подарок, или со лице што ќе го сретнете. Во секој случај, полека повторно влегувате во период поволен за вљубување. Внатрешен немир. Среќа со финансиите.
Јарец
Многу работите и ве очекува добар успех, пред се', во материјална смисла, додека славата ќе изостане. Преокупирани сте со некои тајни активности, а денеска ќе имате можност да ги остварите. Нестабилен емотивен живот.
Водолија
Ова е многу добар период за дружење со пријателите. Исто така, врската со партнерот ви е хармонична и денеска би можеле некаде да отпатувате. Нестабилна финансиска состојба.
Риби
Се чувствувате малку вознемирено на емотивен план. Ситуацијата на работа е сосема добра, па, конечно, можете да очекувате некоја финансиска добивка. Средба со пријател што долго не сте го виделе. Здравјето ви е в ред.
|
#
|
|
|