Што прават денеска
Зафир Хаџиманов
пејач
Синоќа пристигнав во Скопје и денешниов ден ми е во знакот на признанието на Факултетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА. Вечерва, во Кинотеката на Македонија ќе ми биде доделена наградата за животно дело „Златен Дедал“, од областа на музиката. Неколкудневниот престој во Скопје е можност за средби со старите пријатели.
Ружица Брчиоска
пејачка на "Ареа"
Како што е денес крај работната недела, а наближуваат и летните одмори, умот ми е се' повеќе во плановите за летни патувања. Семејно сме „закачени“ на Интернет и бараме најпривлечна и соодветна дестинац��ја. На одмор сум од 5 јули, а на 4 јули со „Ареа“ имаме настап во Куманово. И потоа - заминуваме на одмор.
Ангеле Нинески
претс. на ИО на естр. здруж. „Илинден“
Во хотелот „Њу стар“ во Скопје ќе се одржи основачкото собрание на новото естрадно здружение „Илинден“, па денешниот ден ми е исполнет со последни подготовки. Покрај последните проверки на правните акти, има уште некои организациски детали. Секако, на крај од денот - релаксација, за да го започнеме новиот проект со полна енергија. |