Број 3316  петок, 25 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

Овен

Без оглед на тоа што некои работи се случуваат многу побавно отколку што планиравте, вие сте задоволни. Си ја работите својата работа и си го гледате својот живот. Нема озборување и плеткање отстрана. И со партнерот сте во добри односи.



Бик

Уживате како по навика во убави работи. Фантазијата денес е главната движечка сила. Затоа фантазирајте, но внимавајте да не се загубите во тој нереален свет. Љубовта ви цути. Партнерот ве опсипува со неограничена љубов.



Близнаци

Бидејќи добро функционирате, се советува конкретна акција за вас. Повеќе ви одговара да зборувате и да ги раскажувате своите љубовни јадови, отколку самите да си ги создавате. Деновиве ќе добиете некоја материјална добивка.



Рак

Сентиментално сте расположени и имате желба на си��е да им помогнете. Сепак, обидете се да направите дистанца, со оглед на тоа дека сте емпатични. Другарувајте со позитивни луѓе, овој период одбегнувајте депресивци.



Лав

Ситуацијата се менува не само од ден на ден, туку од час во час. Моментално сте задоволни и оптимистички расположени. Машките припадници на овој знак ќе тргнат во освојувачки потфати, а жените се подготвени да флертуваат.



Девица

Тргнувате во конкретна акција. Мислите дека тоа ќе ви ги подобри работните услови, но грешите. Како Казанова, ќе тргнете во нови љубовни освојувања, а вашето мото е - само еднаш се живее. И да знаете, така е, не чекајте утре.



Терезија

Ситуацијата во која се наоѓате е до таа мера комплицирана што никако не ви тргнува од рака да се приспособите. Бидејќи, по правило, би требало да бидете флексибилни, а не сте, ќе морате да ги сносите последиците. Побарајте совет од некој поискусен.



Скорпија

Се обидувате да ги средите емоциите и ги оставате проблемите да преноќат. Морате да ја разберете ситуацијата и да ги земете предвид сите околности. Само така ќе ги избегнете нервозните ситуации, комбинирани со агресија. Олабавете.



Стрелец

Свртени сте кон убавите работи, љубов и уметнички доживувања. Иако среќата кратко трае, ќе биде слатка, бидејќи ќе почувствувате големо задоволство. Ви се враќа самодовербата и на работен план. Ова лето ќе биде само ваше.



Јарец

Се наоѓате во ситуација да креирате доживувања, па ќе се чувствувате добро. Не сте ни свесни дека сте во фантастична ситуација и дека можете да влијаете на непријатните доживувања. Би ви годело дружење со стари пријатели и другари.



Водолија

Уживате во популарност и среќа. Денот е создаден за љубов, па доколку саканото лице се' уште не ја изјавило љубовта, сега е вистинскиот момент. Ќе ве понесе бран на чувства и нежност. Искористете го креативниот момент и за нешто конкретно.



Риби

Можни се проблеми со спиењето и нервна раздразливост. Мислевте дека самотијата ви беше потребна, но доста ви е од самување. Не дозволувајте да ве обземат лоши мисли, туку почнете да се дружите, излезете, побарајте сродна душа.


#
Најди! во Утрински