|
|
|
|
|
|
„Скопје 2014“ како неостварен детски сон?
Опозицијата обвинува дека проектот е синоним за неизграден идентитет, лицемерие на еден коркач
Мораториум на проектот „Скопје 2014“ побара опозицијата, бидејќи во него препознава „симбол на корупцијата, криминалот и безмилосното трошење народни пари“. СДСМ предлага да се оди на предвремени избори, на кои власта ќе ја тестира довербата од граѓаните дали ќе добие мандат да го доврши проектот. Со вакви барања излегоа завчера опозиционерите откако Собранието, конечно, по десет месеци, расправаше за проектот „Скопје 2014“.
Експремиерот Владо Бучковски праша кому му текна во вакви околности да троши милиони евра за споменици и излезе со конкретен предлог: „Ако победите на избори, довршете го проектот“!
Според потпретседателот на Собранието, Јани Макрадули од СДСМ, „Скопје 2014“ е „синоним за одликите на оваа влада: нереализирани детски соништа, неизграден идентитет, кукавичлак, осмислен јавашлак, лицемерие на еден коркач“. Во истиот манир возврати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски: „проектот Скопје 2014 чини толку колку што пари украдовте од ТАТ“.
Одговарајќи на нападите на опозицијата министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска рече дека оваа власт не е расипничка, туку гради и зад себе остава трајни дела. „Имавте можност, но не создадовте ништо трајно. Ние работиме за повисоки цели“, истакна министерката.
Пратеникот од СДСМ Емилијан Станковиќ смета дека „дрим-тимот на портокаловата изродба нема никакво познавање од културата“. „Половина од овие пратеници да ги викнете, да ги поканите на ’Лебедово езеро‘ ќе дојдат со костими за капење. Толку знаете култура“, убеден е Станковиќ.
Во ваквиот настап неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Китановски, препозна недостаток од домашно воспитување. „Домашното воспитување се добива дома, ако тоа ви недостасува овде никој не може да ви помогне“, реплицираше Китановски. (П.Р.)
|
#
|
Статијата е прочитана 1368 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Збогум СДСМ |
Датум: 09.12.2010 12:09:57 |
|
А каде се милионите евра што ги потроши СДСМ??? |
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 09.12.2010 12:16:30 |
|
Za kakvi povisoki celi gradite? Ima li povisoka cel od toa da se obzebedi prvo zdrava infrastruktura na sopstevniot narod? Piete voda uste od azbesni cevki, patistata katastrofa, zeleznicata vo raspaganje, ucilista vo raspaganje itn i me ubeduvate deka Skopje 2104 e prioritet? Vo ovie nema eden normalen. |
|
|
|
|
|
|
Од: kavadarci |
Датум: 09.12.2010 12:21:59 |
|
Не само на Илија Китановски репликата туку објавете ја и на Илија Димовски кој вели дека парите за овој проект се само делче од она што СДСМ го украде од ТАТ. |
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 09.12.2010 12:40:26 |
|
Toa za lebedovo ezero e tocno. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 09.12.2010 12:43:01 |
|
Види мајката,дпмне_овци имале програма од сто чекори плус надоградена.Дали таа програма се состоеше само од проектот Скопје 2014.Дали народот го даде својот глас за ова програма.Овде во овој проект има многу пари.Пералната на пари мора да продолжи со својата работа. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ајван Доктор® |
Датум: 09.12.2010 13:15:24 |
|
Како може за трајни вредности од културата да говори социолог?Извадок од нејзината биографија:„Во 2004 год, се вработува во Центарот за комуникации при ВМРО-ДПМНЕ“!?Партија која вработува,влада која владее како градежна фирма,држава во која некакво здружение на хеленизирани граѓани одлучува за градба на споменици,за внатрешна и надворешната политика...?!Па тоа го нема никаде!Уште еден од доказите дека живееме во уникум Земја на Чудата! |
|
|
|
|
|
|
Од: Frojd |
Датум: 09.12.2010 13:21:59 |
|
Kolku negativen narod ima vo Makedonija |
|
|
|
|
|
|
Од: Калимеро |
Датум: 09.12.2010 13:57:22 |
|
Лудило, големо лудило и еден куп полтрони што ќе мора да одговорат на својте деца за овоа лудило. Прањето на мозоци ќе престане еднаш засекогаш. Кога народот ќе почне да размислува со својот стомак, скапо ќе се наплате целиот грев на оваа налудничева власт |
|
|
|
|
|
|
Од: Свилени Ракавици |
Датум: 09.12.2010 14:17:48 |
|
Ај сега некој мене како Граѓанин Скопјанец Може да ми објасни како и зошто би гласал за СДСМ. Ако гласам за нив значи дека ќе го остават Скопје вакво недоградено и заникаде. Е стравно не ми се јасни овие од опозицијава ни 1% Дали навистина сакаат да добијат на избори или се шалат? |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 09.12.2010 14:27:51 |
|
Кога зборат за повисоки цели всушност зборат за повисоки ЦЕНИ. Гуштеров си кажа колку чини еден убав споменик (а не грдилата кои ги срамат личностите кои ги претставуваат, како тој на Ченто). Одговорот е 40.000 Евра. Пресметајте ја разликата во цени за сите споменици. Ваква моќна перална, само кај нас проаѓа. Па, оставале зад себе. А да не оставаа... |
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 09.12.2010 14:31:51 |
|
Strasno e da ne znaes koj si, od kade si-cela filozofija, ama deka site ke staneme kameni skulpturi ovencani so slava vo potraga koi sme i od kade sme e prasanje na vreme. Treba da se izzivee ovoj mlad Premier, pa mozebi i nekoj ke ostane kako na Markovi kuli ili Kokino. O tempora, o mores! |
|
|
|
|
|
|
Од: skopjanka |
Датум: 09.12.2010 15:08:14 |
|
Skopje 2014 e definitivno kic i siluvanje najbrutalno na gradskiot prostor. Bez referendum za vakvo prasanja, a so referendum za imeto, ne gledam razlika. Se obezlici gradot ne lici na sebe. Vo Zagreb za eden drvored cel grad se krena, ovde triumfalni porti, konji i volovi, barok i antika se sto ti dusa saka no ne istorisko tuku kic sega izgradeno. Sem se izgubile vo vremeto i vkusot |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 09.12.2010 15:50:50 |
|
Se javi onoj srednoskolec od Veles povtorno. Redno bese da kazes kako go kupi mercedesot uste na pocetok na tvojot mandat? Zosto seute ne zavrsi fakultet, sramota e pa vaseto moto e fakultet vo sekoe selo?? A sto se odnesuva do TAT , spored tebe parite od TAT treba da gi barame kaj VMRO, tvorec na TAT e zetot na Kljusev, Nenovski? Kako da svrtis DPMNE=KRIMINAL |
|
|
|
|
|
|
Од: граѓани |
Датум: 09.12.2010 16:25:42 |
|
Кога видов дека Груевски ги игнорира своите граѓани к��и во мнозинство и со силни аргументи се изјаснија против изградба на Триумфална капија, - дојдов до истите заклучоци кои вчера ги изкажа СДСМ. Ептен ми е чудно колку многу им се брза со проектите - и со тендери и со изградба, - многу побогати светски градови градат по 1-2 споменици годишно, а овие топтан. Навистина е матна работата - се перат огромни пари набрзина, а откога ќе заминат од власт оди најди му го крајот на нивниот криминал кои си го обезбедиле со разно-разни променливи закончиња. И некако ќе ја проголтавме нивната суета, - ама многу од нас потонавме во сиромаштија пред се заради ужасната политика во која се офајдуваат само административците, - читај полтроните на ВМРО. |
|
|
|
|
|
|
Од: SPIRIDON |
Датум: 09.12.2010 16:41:37 |
|
Ile nogu e bitno domašnoto vaspitanje.Ja komšijata do mene leža u bifšoto nekoa godinka,bez veza,ne e ajduk čoveko,zemal neščo od rabota i fanaa go.Ama domašnp vaspitanje si e vaspitanje i ja sea devojčeto mu e u parlamento,a maškoto lepi plakati trča za partijata i Nikolčo i kupi go hptelo,bez pari razbira se,i dve firmi i em političar em biznismen,a dve knigi nema pročitano,ama vrvno domašno vaspitanje.Ja i na Dimovio šo mu fale,ne bil diplomiran,gulema rabota,ama domašno vaspitanje,a?Ja i Bučko,fana se za rabota so tia tenkovete i do poslednoto parče gi završi,poznava se domašno vaspitanje,da ne ulavam u detali. |
|
|
|
|
|
|
Од: Чегране |
Датум: 09.12.2010 21:06:30 |
|
Ако сегашнава влада троши толкави пари на работи кои ,сепак, ќе му служат на народот и државата,прашање е КАДЕ ОДЕЛЕ толкави пари кога други влади беа на власт? |
|
|
|
|
|
|
|
|