Јохан Тарчуловски и Љубе Бошкоски по се' изгледа дека заборавија и на пријателството што ги врзуваше додека беа на одговорни места во полициската хиеархирија, но и на заедничкото патило, откако беа испорачани во судот во Хаг. Нивната „тивка“ војна, која трае веќе извесен период, од Хаг се пресели во Скопје, поточно во Основниот суд Скопје 1 каде што „брат Јохан“ го тужи „брат Љубе“ за клевета.
Не навлегувајќи во содржината на она што било кажано за Јохан, а со што тој бил наклеветен не само од Љубе туку и од неговата сопруга Виолета, не може а да не им се забележи и на двајцата дека заборавиле на заедништвото низ кое минаа и(ли) минуваат двајцата.
Поднесувањето приватна тужба за клевета од Јохан за Љубе, веројатно, е единствен ваков случај на сите што минале низ Судот за воени злосторства во поранешна Југославија. Лошите манири не завршуваат со испишување графити низ Скопје, со кои се оцрнува едниот или другиот, како и подметнување експлозии во возила.
Ваквите работи не само што не водат на добро туку многу им одмогнуваат и на двајцата, дотолку повеќе што и Тарчуловски и Бошкоски ја исчекуваат одлуката на Трибуналот во Хаг, по поднесените жалби, што нивни што на Обвинителството.
Несомнено дека е грда и сликата кога во скопскиот Кривичен суд ќе се најдат очи в очи и нивните адвокати, кои пред само малку време беа тим што интензивно работеше во корист на двајцата, што и онака доста време минаа во затворот во Шевенинген.
Како што сега стојат работите, имало премалку „братство“ меѓу Тарчуловски и Бошкоски. Но, ако надежта не умре во Хаг, тогаш вреди да се надеваме дека и двајцата ќе се вразумат и оваа лоша епизода ќе ја остават зад себе.
Бошкоски еднаш убаво објасни дека Тарчуловски е и финансиски зависен од Владата и од партиската врхушка од ДПМНЕ. Не го осудувам Јохана, сигурно не му е лесно, ама додека е таква состојбата, нема ништо да се промени.
Од: Трајче Делчево
Датум: 14.04.2010 00:54:57
Bratot Sestra Ljube treba da bide osuden na dozivotna robija za nepravdata i sramot sto gi nanese na nasata nacija.Ovoj covek(?) e neviden licemer koj bez gram griza na sovest go predade svojot brat Johan a sega vo politika ke ni se mesa demek saka da i pomogne na drzavata(kako sto pomogna na Johan),Samo zatvor za vakvi predavnici koi za zal odsekogas se del od nasiot nastradan narod
Од: sirma vojvoda
Датум: 14.04.2010 01:00:38
sporedba nemoze da se napravi megju Ljube i johan edniot bese minister a drugiot obicen reketar od redovite na vmro vo sojuznistvo so burekdzijata od zito skopje(bucuk kometa)tepaa isfrlaa niz prozori Makedonski gragjani napagaa strumicani za vreme izbori so koli od evn esm(crnokosuljasi)igraa po strumickite kafani so zlatni lanci mislis zemunski klan e dojden vo Makedonija i odednas johan heroj?(UTOPIJA)...napred brat Ljube nikoj i nikogas nemoze da te ocrni bidejki bratot moj roden i mnogu drugi kako nego znaat koj im nosese po granicite za vreme konfliktot jadenje cigari,dodeka johan reketirase po skopje nasi gragjani...da ne se zaboravi zatoa..............................OTPOR!!!!!!!!!!!!
Од: blaze m.
Датум: 14.04.2010 06:20:10
Tipicno Makedonsko Samo unishtuvanje isto kako partiski shto se unishtuva Makedonija edni branat adrugite prodavat
Од: Лазо Стефанов
Датум: 14.04.2010 07:13:27
Ове не се работи за обвинение за клевета, туку за обвинение за некажувањ�� на вистината. Помирување - ма јок! Клучни се 100.000 до 150.000 гласови на следните избори и тука лежи зајакот.
Од: jimmy1
Датум: 14.04.2010 09:11:06
Seto ova zapocna od soprugata na Tarculovski i na VMRO koi podolgo vreme e zagrevaja atmosverata obvinuvaki go Boskovski bez nikakva osnova.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 14.04.2010 10:22:09
Да не ,,фаќаме страна,, како виножитните коментатори од типот на водоотпорната леди Сирма туку последниот збор нека го кажат судовите.Но симптоматично е непојавувањето на певливиот лидер на ОМ пред судот,не бил уредно поканет а адвокатот негов дошол. Сосема очекуван потез на идниот ,,освајач,, на власта,човекот незнае да судовите кубурат со пари и неможат со локум да го поканат а тоа е страшна неуредност.Описот на Тарчуловски од страна на леди Сирма страшно асоцира на виножитните ,,милозливи,, од Хад Рок.