Број 3257  среда, 14 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Грција не' обвини за Советот на Европа

Милошоски одговора дека реакциите од Атина биле очекувани

Грција бурно реaгираше на информацијата дека македонското претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ) нема да биде под референцата поранешна југословенска Република Македонија, туку ќе биде именувано како „македонско претседателство 2010“. Според грчкото министерство за надворешни работи, цел на нашата земја е да ја злоупотреби улогата како претседавач за да ги промовира своите позиции за прашањето за името, како што направи и за време на претседавањето со Генералното собрание на ОН.

За Атина ова е провокација и план на Скопје да ја промени содржината на Резолуција (95) 23 со која нашата земја се именува како ПЈРМ за сите употреби во Советот на Европа и „уште еднаш го отежнува преговарачкиот процес под раководство на ОН и ги одбива иницијативите на Грција за создавање позитивна клима меѓу двете држави за да се олесни преговарачкиот процес“, се наведува во писмената реакција на грчкото МНР. Грција најави дека ќе ги преземе сите неопходни чекори за почитување на Резолуцијата на СЕ.

Тие нагласуваат дека Грција продолжува со подготвеноста да се продолжат преговорите со цел да се најде решение за името. „Чекаме Владата на ПЈРМ да го направи следниот чекор што е потребен да се најде заеднички прифатливо решение во преговорите под раководство на ОН“, нагласи портпаролот Григорис Делавекурас во официјалното соопштение на грчкото МНР.

На коментарот на грчкото МНР вчера одговори македонскиот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски велејќи дека Македонија очекувала ваква реакции и манипулации, но пораката до Атина е дека треба заеднички да настапиме, да се координираме и да видиме што по однос на содржината може да придонесеме, како две членки, за развојот и за влегувањето во трета реформска ера на СЕ.

„Советот на Европа е паневропска институција на слободата на човековите права во согласност со Судот за човекови права и во тој контекст е соодветно една земја-членка да претседава на достоинствен начин, што е прагматичен и не значи туѓо загрозување и е во согласност со веќе воспоставената практика и употребување на терминот ’македонски‘ во повеќе тела и институции на организацијата“, рече Милошоски по церемонијата на положувањето камен-темелник на новата зград на македонското МНР.

На прашањето дали реакцијата на Грција на придавката македонско, всушност, е реакција на македонскиот идентитет, а не име, Милошоски изјави дека придавката македонски е идентитетски код на Македонија, на нашата култура и традиција, дел од нашето наследство и современост.

„За жал, Грција со спротивставувањето на насловот што ние го цениме како прагматичен за претседавањето покажува дека нивните притисоци не завршуваат само во однос на уставното име, туку одат и натаму и навлегуваат во забранетата зона на индивидуални и национални прав�� на самоопределување и национален идентитет“, изјави тој. Милошоски информираше дека од посредникот Метју Нимиц се' уште нема датум за нова средба. (Т.Г.-М.П.)


#
Статијата е прочитана 1362 пати.

Испрати коментар

Од: OMO ILINDEN
Датум: 14.04.2010 00:31:44
Na 14.april .1990 godina vo gradot Sandanski-Pirinski del na Makedonija se sozdade Obedinetata Makedonska Organizacija ILINDEN ( OMO ILINDEN) *** 1990 - 2010 *** 20 godini OMO ILINDEN *** Sreken JUBILEJ i Vesel Praznik na site Makedonci od Pirinskiot del na Makedonija i od siot svet ***
Од: koko
Датум: 14.04.2010 02:45:32
Grcija kolapsira neka si gi gleda nivnite gomnenici i neka sedi mirna da ne bide modra...
Од: gjoko bugarija
Датум: 14.04.2010 10:15:01
Srekjen rodenden OMO ILINDEN - PIRIN.
Од: TRETA SILA-GARDIJAN
Датум: 14.04.2010 13:15:44
Овојпат Грција е принципиелна и во право кога реагира на кршењето на резолуцијата на советот на Европа со која е уреден приемот и дејствувањето на македонија која и овојпат прави криминал. Од своја страна македонските политичари се тврдоглаво доследни во настојувањето да и го наметнат на Грција т.н. уставно име макар и со негово пониќување и модифицирање во придавка наместо да ја прифатат и да се борат за реалноста па по прифакањето на терминот Македонија и од страна на Грција да предлоќат и воспостават модификација на кратенката БЈРМ во БЈР Македонија како ново привремено решение во кое стои терминот Македонија наместо придавката македонски. Но зошто да се биде компетентен и практичен и да се работи во сопствен интеред кога задлепен од суета моќе да се работи во корист на противникот и на своја штета како што прават македонските политичари,нели?
Од: Sale
Датум: 14.04.2010 13:25:35
Srekken rodenden OMO, da ti se mnogu godini i da se se pogolem i pogolem

Најди! во Утрински
Втора страница
Карикатура
Вербатим
Македонија невидлива во Унијата
Поставени темелите на седумкатницата за МНР
Хаг, ама во Скопје