Број 3257  среда, 14 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Поставени темелите на седумкатницата за МНР

На левиот брег на Вардар, пред Македонската опера и балет на некогашното место за продажба на стари книги вчера беа поставени темелите на новиот објект на Министерството за надворешни работи. Според идејното решение на архитект Благоја Стојановски за администрацијата на МНР ќе се изгради седумкатница со фасада што ќе се вклопи во духот на околните стилски објекти. Објектот ќе има две подземни нивоа наменети за паркирање, на приземјето и седумте ката ќе се сместат работните простории, а над зградата ќе има рамна тераса со купола. Рокот за извршување на градежните активности, што му се доверени на „Бетон“, е 18 месеци. Целокупната инвестиција изнесува околу 13,5 милиони евра, што ќе се издвојат во две буџетски години.

„Со изградбата на овој објект, МНР, конечно, ќе добие свој дом и функционален објект кој во целост ќе одговори на својата уникатна функција, а тоа е презентирање на државноста и достоинството и на македонската држава и на сите наши граѓани“, рече премиерот Груевски.

Задоволство од проектот искажа и шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, потенцирајќи дека со изградба на објектот, конечно, вработените ќе добијат соодветни услови за работа, а државата ќе ги намали трошоците што ги плаќа за кирија. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 909 пати.

Испрати коментар

Од: Ајван Доктор®
Датум: 14.04.2010 09:17:58
Во вчерашната Лопатарска реклама најинтересен беше директорот на СОЗР!Неговата изјава во одбрана на „квалитетот“и „убавините“на зградата беше на ниво на „перфектен познавач“ на Уметноста,преку лошо препишан текст,од полуписмен л��ковен критичар,кој нема поим од Уметноста!Инаку,немаше да тресат зелени од типот „објектот Кореспондира(!?) со Камениот Мост и околните објекти“!Па доволно е да погледне во Мостот,за да види дека во него нема ниту трага од „нашиот“Бароко-ко-да!И секако,се работи за Барокен Врв на Лошиот (не)вкус!Апсолутно непознавање на вредностите на Уметноста!Никако да ме убедат дека преку ваквиот Кичерај најубаво ја презентираме „државноста и достоинството и на македонската држава“,а особено Не „и на сите наши граѓани“!Според нив, презентирањето на достоинството оди преку Глорифицирање на Малоумноста,претопено во „нашиот“Барок!Бедниот Аматеризам во МНР,се обидуваме да го прикриеме со апотеоза и мегаломански проекти на Кичерајот во Архитектурата и Уметноста!
Од: nekoj
Датум: 14.04.2010 10:42:36
Ovie skorz odlepija. Dostoinstvoto na edna zemja se brani so: ZDRAVSTVO, SKOLSTVO, SUDSTVO, STOPANSTVO, SOCIJALNI PRAVA, RABOTNICKI PRAVA.. Najsiromasni sme vo Evropa eeej, i ovaa zgrada ke vi go brani dostoinstvoto? PA vi ne ste normalni veke.
Од: boris
Датум: 14.04.2010 11:37:28
Tragikomicna e izjavata na Premierot Nikola Gruevski deka so izgradbata na noviot objekt na MNR ke se prezentira drzavnosta i dostoinstvoto na drzavata i nejziniot narod.Premierot treba da znae deka NE ZGRADATA, tuku TOJ ja pretstavuva drzavata i nejzinoto dostoinstvo. A kako toj ne pretstavuva znaeme site. Postojano docni na zakazanite sredbi so stranskite pretstavnci, se kara i gi navreduva pretstavnicite na EU vo Makedonija, dava nesmasni izjavi, go diskreditira Ustavniot sud zatoa sto za sreka ne moze da go kontrolira.....................................................................

Најди! во Утрински
Втора страница
Карикатура
Вербатим
Македонија невидлива во Унијата
Грција не' обвини за Советот на Европа
Хаг, ама во Скопје