Бугарија настојува по секоја цена да одбележува некои празници заедно со Македонија, вели историчарот и академик Иван Катарџиев
Тамара Грнчароска
Бугарскиот премиер Сергеј Станишев во Скопје ги прослави 100-те години независна Бугарија. Има ли порака во тоа за Македонија?
Речиси сум сигурен дека тоа е резултат на една политика која се провлекува од средината на деведесеттите години на минатиот век, од кога Бугарија настојува по секоја цена да одбележува некои празници заедно со Македонија и на тој начин да ја потврди тезата дека ние правиме една целина. Tоа е нонсенс, ние сме за меѓусебна соработка и за празнување, но откако некои услови ќе се исполнат: прво, тие да не го оспоруваат нашиот национален идентитет и јазик, и второ, да се договориме да ги празнуваме оние празници и личности кои не' поврзуваат, како на пример основањето на македонскиот литературен кружок. Има прекрасни личности кои апсолутно заслужуваат да бидат одбележани и во нашата јавност, но не и диво натурување да се одбележува еден датум кој навистина нема врска со Македонија и значење за нас.
Какво е вистинското значење на овој датум за нашата земја?
Тој датум за нас нема никакво значење, бидејќи тоа е датум на кој по Младотурската револуција, Фердинанд, кнезот на Бугарија, прогласил независност на Бугарија од Турција. Таквата постапка на Бугарија спрема Турција имаше негативно влијание во Македонија, бидејќи она што се создало во почетокот на прогласувањето на Младотурската револуција, ентузијазам, блискост, надминување на целиот оној чемер што се создавал во претходните години, наеднаш исчезна. Не би сакал да и' го негирам на Бугарија правото да го слави својот ден на независноста, но во контекст на Македонија тоа нема никакво позитивно влијание. Ние немаме никакви компактивни елементи што би ни дале право на тоа, дури и во желбата за најблиско пријателство меѓу двете земји тоа не може да биде празник за заедничко одбележување и затоа се чудам на дрскоста на бугарската амбасада по секоја цена да го организира празнувањето на 100-г��дишнината на бугарската државност во Скопје. Се знае со каква конотација е сето тоа - во знак на една теза и идеологија по секоја цена да не' изедначат со нив. Ние тоа нема да го прифатиме.
Каде тука се вклопува подбивањето на Станишев со македонското малцинство во Бугарија?
Тоа беше подбивање со иницијативата на ОМО „Илинден“-ПИРИН да се користи со демократските права да биде регистрирана како политичка партија. Сето она што му се прави на ОМО „Илинден“-ПИРИН е со цел да се спречи таа да биде легален политички субјект и на тој начин да дојде до израз желбата на некои Македонци, кои не се антибугари и кои не сакаат одделување од Бугарија, туку да се почитува нивниот идентитет.
Оправдано ли е барањето на Бугарија за поставување споменици од нејзиното историско минато во Македонија.
Сметам дека ние треба да имаме ист однос спрема гробиштата на сите паднати војници во текот на војните на територијата на Македонија, без оглед на чија страна на фронтот биле, и во Првата и во Втората светска војна. Сето тоа треба да биде засновано врз еден принцип кој важи и за гробиштата на Германците, Французите, Англичаните. Секаков друг третман, поставување нови споменици, што би било привилегија на паднатите војници на Бугарија тука, би значело дека тие паднале за слободата на Македонија, што апсолутно не може да се прифати. Тие се бореле за интересите на Фердинанд, на великобугарската идеологија.Мислам оти е во право премиерот кога рече дека ние мора да се однесуваме согласно со меѓународните принципи кои важат за ваквите обележја на војници кои паднале на територијата на Македонија и не би требало да правиме никакви исклучоци.
Што е она што на соседите им пречи од Македонија?
Мислам на соседите им пречи македонскиот културно - националниот идентитет. Свеста дека ние сме посебен национален субјект се изедначува со името. Тие се потполно две исти работи со различни имиња и нашите соседи не можат да го прифатат тоа. Битката за името на Македонија и за постоењето не е од сега, таа е многу стара, од средината на 19 век. Македонската јавност треба да се подготви на долго траење на спорот и да не очекува дека Грција така лесно ќе го прифати македонското име, јазик, култура, идентитет, што за нив би значело прифаќање на геноцидот што го извршиле врз Македонците и прифаќање на постоење македонско малцинство во Грција. Кај Бугарија проблемот е во друга смисла. На Бугарија и' пречи македонскиот идентитет и таа, исто така, нема да го прифати.
Многу ме инстересира, зошто новинарот не го праша соговорникот, што би му сметало повеќе споменик на Скендербег под пенџере, или да му ја свират Минаха Години, секое сабајле под истото? - Првово веќе се случи, и гледам не муи смета зошто толку му смета второво, кога во Македонија сега има 200 000 диши со бугарски пасоши, кои потпишале по 5-6 докуметни во кои јасно и гласно пишува дека со сето срце се б`лгари. И пак професоров тврди во МК нема бугари. Па исто Станишев вика дека немаат македонци. А нели е најубаво РМ да признае во неа бугари, а и РБа да признае дека има македонци. (Друго е прашањето што ретко кој го знае јазикот на резервната татковина, онака како што албанците си го знаат јазикот на нивната резервна татковина. Исто така живо ме интересира ставот на Кантарџиев да си закачам б`лгарски барјак среде улица, дали ќе си уживам еднакво како овие што си имаат среде скопје барјаци со црни орли? - а си пејат и албанска химна без гајле. А ако ја запеам Мила Родино, тешко мене.
Од: VMK
Датум: 20.12.2008 02:23:05
Ѓоре навистина ме изнасмеа твојата логика...и ние да си имаме резервна татковина како Албанците што е имаат Албанија..доста добра логика...а да знаеш како гледам од сите страна почнува да иде население и тоа стриктно албанци од Косово,прво се кријат во селата,а мислам дека од селата им се отстапуваат куќите,селаните идат во град...Мислам дека треба нашата Влада да појде по западните села и да го провери населението...што е ова и каква е логиката што секој во Македонија може да си дојде и да си ужива без да се пријави во полиција за престој..нормално преишол нелегално..но треба да има повеке надзор и предлагам Влаата да се позанимава со тоа прашање..Доволни ни се Косовари,повекето тоа и се ,не се наши албанци поранешни....проверка на насление..Немам против ,Бугарите се повекето од северна Грција,нормално со мак.корени....а истото се однесува и на нас...јазикот е сличен нормално..Позз. до утрински....
Од: Иванчо
Датум: 20.12.2008 07:15:53
Najmnogu ja sakam sabota. Togas zadolzitelno ke se pojavi nekoja antibugarska statija. Treba da e jasno: Bugarite imat rogovi i jadat mali deca. Ama koga nema nakade, na site Makedonci im teknuva za beganje vo Bugarija.
Од: Историк
Датум: 20.12.2008 09:18:00
На бугарскиот идиотизам ми се чини како да нема крај. Но има. Ќе им дојде крајот и тој е неизбежен. Неможе во недоглед. Гјоре серле и разни други ситни идиотчиња, еден пајтон луѓе таканаречени Бугари, сплеткари, продадени души, ќе сватат дека Бугарија е отаде Ќустендил, со мноштво Македонци кои ги гушат недокваканите политичари. Бугарија треба еднаш и засекогаш да се надрасне себеси како Србите и да признае постоење на Македонски народ и нација. Таа постои и единствено слепиот неможе да ја види.
Од: Hunza
Датум: 20.12.2008 10:00:33
Zosto pocituvaniot akademik go zamolcuva Rozetskiot kamen? Dali on ja priznava helenistickata kultura kako starohunziska odnosno staromakedonska, ili pak se slozuva deka bila starogrcka? Dali e svesen akademikot za Margumskiot (Požarevački) natpis i studiite na svetsi naucnici kako sto se St. Ananasiević i Br. Nušić koi ja dokazale vrskata pomegju srpskiot jazik i sanskritskiot, pa ottamu (preku Bl. Koneski) i onaa megju makedonskiot i hunziskiot? Dali e svesen pocituvaniot akademik za staroermenskite izvori (Asharacujc) koi zboruvaat za nekakvo Bugarsko carstvo vo Hunziskite zemji, uste ednas dokazuvajki i zacvrstuvajki go so toa hunziskiot identitet kako sosema poseben od bugarskiot?
Од: Србоман
Датум: 20.12.2008 10:03:57
Доаѓа времето кога ваквите "академици" како родениот во Софија етничкиот бугарин Катарџиев или Благој Љамевич(Конески) ќе треба да ги вратат парите заработени на грбот на македонскиот народ за тоновите лаги кој што ги напишаа во изминатите 63 години.Вистината е една:Ние сме македонски бугари и јазикот ни е бугарски.
Од: zoran
Датум: 20.12.2008 10:53:58
Abre ljyge zosto ako Bygarija kazyva deka saka da gi slavi praznicite nashi,a nie sme protiv...toa e pogreshna politika be eiii...brat sobrat ne se saka no tesko na onoj sto go nema..Se cydam zosto Bygarija yporno nastojyva da ni pomogne.Moj sovet e da ne zaboravi i ke vidite kako ke trcame poniv.
Од: Kade ste makedoncinja
Датум: 20.12.2008 11:18:17
Najzalosno e sto nie makedoncite uste nemame izgradeno cvrst stav za nasata nacionalna pripadnost pa lesno mozat da ne pretopat,bar taka izgleda.Belezi na edna nacija se jazikot pred se kulturata obicaite i bas tuka ne udirat od site strani komsiite,da nas ne ubedat deka ne sme toa sto sme.Aku im uspee toa ke bide nasa vina ne nivna.
Од: stole
Датум: 20.12.2008 11:19:43
Za pasosite nemam komentar zatoa sto idninata ke
pokaze koj e vo pravo,jas licno bi sakal da go imam
sekoj evropski pasos koj ke mi dade sloboda da patuvam nasekade bez precki i barieri.Golema greska nasa e sto otsekogas barame nekoj da ne
priznava.Luge nie sme makedonci si ja imame Makedonija i nikoj od strana nemoze da ni kazuva
kako da se izjasnuvame.Edinstveno sto9 ni fali e
edinstvoto i na sekoj od nasite sosedi jasno da mu kazeme deka sakame reciprocitet vo odnosite
Од: Виктор
Датум: 20.12.2008 12:10:46
Толку е очигледно дека овие наши „Академици„ се големи лажговци, што се гледа дури од авион. Алоооо. Научници мили. Земајте книги и читајте. Младата генерација не можете да ја влечете за нос. Збирајте си ги парталите.
Од: dedo dimo
Датум: 20.12.2008 13:22:28
ZA zalost vo ovie komentarite ima dosta zalutani luge a toa go ima vo sekoja zemja vo svetov .Ovie luge ili se Bugari ili se pravat bugari sekoj ima pravo ali edno evistina MAKEDONCITE NIKOGASHNE BILE BUGARI ILI GRCI odnosno HELINI .Sprema provekite za DNA shto se izvrsheni vo SVAJCARIJA mnozinstvoto odnosno pveke od 60% od MAKEDONCITE se od krvta na Starite Makedonci od vremeto na Makedon paFilip i ALEKSANDAR .Ako ovie dokazuvanja ne se vistinski znachi nema ni MAkedonci .No ako se vitinski da ve prasham dali BUGARITE I GRCITE se spremni DA gi vratat Pirinskiot del i Egejskiot del nazat ? ili samo ne osporuvaat da go zadrzat ona shto go pograbaa vo 1913godina
Од: Македон
Датум: 20.12.2008 13:37:54
Многу е жалосно кога ќе се јават типови како „Србоман„, ќе им помине векот во заблуда и бессознание. Препорака: читајте повеќе, на пример Александар Донски, ако веќе сте го загубиле сопствениот идентитет!
Од: ИГНОРАНТ
��атум: 20.12.2008 14:56:39
Според мене, повеќето коментари се пишуваат од луѓе платени од Бугарија или од Србија да го прават тоа, како и од малкумина заведени или „загреани“ за темиве.
Македонецот најдобро може да им одговори ако, едноставно, ги игнорира. И толку.
Од: zike
Датум: 21.12.2008 12:32:00
samo katardziev zaborava vo mak ima 70%nevraboteni i jas profesor po istorija a bugarite se povece toa go koristat a i se vo pravo sto ce ni e mak ako cel zivot trpime i sme bez rabota,podobro da ziveam vo mak kako del od bug i da si imam rabota otkolku da odav vo svet i da bidat cistac gledajter pola istocna mak se ieli sto ce ni ja mak bez makedonci?ce se raspadne kako kula od karti,bugarite povece mislat za nas otkolku nasite politicari,da nea bugartite i davanje pasosi nasi ludje sega ce jadoa sol i leb vo istocna mak...........