Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хороскоп


Хороскоп



Овен

Некој ве вознемирува со своето однесување и ви ја нарушува концентрацијата, затоа правите грешки. Потрудете се правилно да ја контролирате импулсивната страна на природата. Потребно е да преземете заштитничка улога во семејството. Обрнете внимание на новите случувања кои го загрижуваат саканото лице.



Бик

Нема потреба да си придавате големо внимание, потребна ви е нечија асистенција или поддршка. Важно е да прифатете нечиј совет, без разлика што имате чувство дека се работи само за делумно решение на работите. Своите емотивни желби ги упатувате на погрешно лице.



Близнаци

Преокупирани сте со различни состаноци и обврски, но своите задачи ги завршувате во предвидениот рок. Соработниците ги поздравуваат вашите идеи и позитивно ја оценуваат вашата улога во различни ситуации. Љубовниот ребус е невозможно да го решите без искрено соочување со саканото лице. Некој влијае на вашата емотивна несигурност.



Рак

Лицето што ви се спротивставува нема влијание на вашите работни планови или на завршните резултати. Вашиот успех подразбира проширен состав на соработници и изразена контрола на важните случување. Задржете ја активната улога. На емотивно поле работите ги проценувате на погрешен начин. Зачувајте ја блискоста со лицето што нема да ги изневери вашите очекувања.



Лав

Понекогаш немате доволно трпение и ви недостасува дипломатска нота во работниот дијалог. Добро размислете, импулсивните тонови и инсистирањето на личните цели може да го нарушат договорот со соработниците. Во љубовната врска не можете да добиете се' што ќе посакате. Прифатете ја идејата на партнерот или средбата со едно интересно лице.



Девица

Не го криете своето оптимистичко расположение и сте самоуверени пред лицето што ви ги тестира професионалните способности. Важно ви е да се претставите како човек од доверба пред деловните партнери. Ограничете ги емотивните желби или очекувањата во разумна мера. Понекогаш имате премногу перфекционистички потреби.



Терезија

На средбата со соработниците добро би било прво да ја поминете листата на приоритети пред да ризикувате со работи што не ги познавате доволно добро. Мора да имате јасна претстава за вистинските вредности. Средбата со едно лице ви е заморна, затоа барате различни изговори во обид да избегнете нечие друштво.



Скорпија

Ви пречи начинот на кој некој ви ги претставува вашите идеи или досегашниот успех. Нема потреба да го премолчувате своето незадоволство пред соработниците. За среќа, спорните ситуации можат да се решат во заедничка корист. Прифатете го љубовниот повик или страсното поттикнување од блиското лице. Чувствувате дека ве преплавува нов емотивен занес.



Стрелец

Умеете да се организирате, своите обврски ги завршувате без големо зборување. На таков начин постигнувате високи професионални критериуми, во услови кои вас ве обврзуваат на работна соработка. Додека вие сте безгрижни, вашиот партнер се обидува да ги прескокне заедничките дилеми. Некој директно го осудува вашиот начин на однесување.



Јарец

Вознемирени сте и тоа се одразува на нашата комуникација со соработниците. Избегнувајте претерана доза работно експонирање, нема потреба да ја докажувате својата моќ. Нетрпеливо очекувате добар повод за излегување, имате на ум повеќе комбинации. Чувствувате зголемена страст и емотивен импулс.



Водолија

На средбата со соработниците нема потреба да носите заклучок врз основа на своето чувство или на прво гледање. Успехот на работното место не може да се оствари без нечија поддршка. Бидете реални во својата процена. Понекогаш вистината е добро скриена помеѓу редовите. Обрнете внимание на нечии пораки и однесување.



Риби

Не сакате да ризикувате, но само брзата акција претставува услов за финансиска добивка или за подобар статус во кругот на деловните партнери. Потребно е да ги наметнете своите ставови и да се ангажирате на различни страни. Некој ќе ве изненади со внимание или со подарок. Прифатете се' што ве асоцира на возбудлива забава и на емотивно зближување.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ