ВЕЛЕС - Од вчера велешани повторно користат јавен градски превоз. По паузата во летниот период, фирмата „Пан такси“ го доби тендерот за организирање градски линиски превоз и почна да го реализира.
Граѓаните на Велес сега имаат превоз на секој половина час по старата траса од Долни дуќани, преку автобуската станица, па се' до населбата Превалец и обратно.
Цената на билетот останува непроменета - 25 денари, а во функција остануваат и месечните билети кои чинат 700 денари за учениците, 800 за пензионерите и 900 денари за другите корисници. (С.Ќ.Н.)