Успешно се справувате со ситуацијата и ги совладувате сите препреки. Проблеми може да имате доколку претерате со критиките кон другите и доколку активностите не ги сведете на разумна мера. Се' уште не е вистински момент за донесување конечни одлуки.
Бик
Огромната издржливост и упорност ви овозможуваат да се борите со предизвиците. Партнерот се труди да ви го разубави животот. Размислувајте за блиската иднина и не дозволувајте си да ја изгубите внатрешната хармонија.
Близнаци
Работата и здравјето се теми на денот. Моменталното задоволство на тие полиња е минливо, но неизбежно. Се советува одмор, потрудете се да си го овозможите. Насочете се кон нова љубов, бидејќи старата веќе ви здодеа и целосно ќе бидете задоволни.
Рак
Сите случувања се поврзани со домот. Претерувате со преместувањата во домот, важно е добро да се чувствувате, особено ако се земат предвид значајните случувања кои би требало од корен да ви го променат животот. Конечно, по долг период можете да одморите.
Лав
Изненадни случувања внесуваат позитивни промени во вашиот живот. Заслуживте да се одморите од стресовте и обврските. Ви здодеа секому да му бидете на услуга, а притоа да ги занемарувате вистинските потреби. Ситуацијата се менува од корен, искористете го тоа.
Девица
Доволно ви беа неубави случувања за еден ден. Не грижете се, наидувате на поддршка од околината, а особено од соработниците, кои се обидуваат да ви го разубават денот. Можно е некое изненадување. Но, не треба да заборавате дека и вие некогаш треба да им покажете дека ви значат. Тоа ќе ја подобри соработката. Заљубени сте, па затоа и се чувствувате среќно.
Терезија
Каде исчезна оптимизмот? Потсетете се дека сте биле и во полоша ситуација, па сте опстанале. Потрудете се материјалните вредности да ги замените со духовни. Ќе бидете среќни и задоволни. Доколку се чувствувавте лошо, за се' е виновен партнерот.
Скорпија
Кој успеа да ве налути? Зошто сте намуртени и напнати? Очигледно за тоа е виновен партнерот кој постојано го менува расположението. Употребете ја сета своја моќ за да ја совладате напнатата ситуација и да го зачувате здравиот разум.
Стрелец
Вредни сте и конструктивни. Никој и ништо не може да ве исфрли од колосек. Одлично функционирате благодарение на вашите организаторски способности. Уште кога би успеале да бидете толку одлучни на емотивен план.
Јарец
Одличен ден за уметност, а лош за практични работи. Ситуацијата е едноставна. Занимавајте се со она што ви оди од рака и ќе бидете задоволни. Доколку се фокусирате на парите и работата, може да имате проблеми, ситуација не е розова.
Водолија
Дружењето со пријателите е единствената работа што може да ве расположи. Можност од фатална средба постои доколку верувате во судбина. Избегнувајте физичка работа поради можни проблеми со срцето. Го добивате заслуженото признание, уживајте во успехот.
Риби
Извесната ситуација бара изолација. Можеби ви годи осаменоста, затоа уживајте. Огнените знаци внесуваат динамика во вашиот живот. Внимавајте на здравјето, кревки сте, а стресовите можат дополнително да ви ја отежнат ситуацијата.
Соопштение Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.