Што прават денеска
Кире Костов композитор
Како што навлеговме во септември, терминот за одржување на детскиот „Евросонг“, 20 септември, како да е утре. Деновите се броени, а се' треба да биде готово до 19 септември, за генералната проба, па речиси по цел ден сум во студио и ги снимаме и дотеруваме песните за домашниот избор.
Тања Кочовска актерка
Заврши одморот, завршија турнеите со Театарот за деца и младинци и овој период е како некаков меѓупростор. Навистина, почнавме со репертоарските претстави, но допрва сезоната треба да добие во интензитет. Всушност, денеска, најголем ден од денот ќе го минам во чистење. Томислав Маниќ пејач
Денеска во план ми е да го довршам снимањето на мојата најнова песна „Два, три телефона“, како посвета на мојата генерација и сеќавање на времето кога телефоните постојано ѕвонеа, а сега сме сведени на два-три избрани броја. Логичен животен тек, а полесно се прифаќа од хумористичен аспект. |