Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хороскоп
Хороскоп



ОВЕН

По се' изгледа на вашите финансиски проблеми им дојде крај. Пред вас е ситуацијата што долго ја чекавте и во која ќе добивате. Затоа немојте да бидете нервозни, олабавете се и уживајте. Направете си го денот посебен.



БИК

Само што помисливте дека ги држите работите под контрола, лицето што посебно е важно во вашиот живот ќе почне да ви создава проблеми. Затоа не се преправајте дека само го слушате. Работите што ќе ви ги каже треба да ги послушате.



БЛИЗНАЦИ

Денеска би можело да има навалица од луѓе во вашиот дом. Но, вечерва повеќе би сакале времето да го минете со саканото лице, отколку со старите пријатели. Но, се' е добро штом добро ќе се заврши. Ќе најдете начин.



РАК

Вашата романтична врска добива сосема нова димензија во последниве денови. Понеделник е одличен ден за да размислите околу почетокот на заедничката работа на некој голем проект, но внимавајте на проблемите што би можело да се појават.



ЛАВ

Ѕвездите ви се наклонети, а имајќи предвид дека во последно време работевте на својот изглед, сега е вистински момент да преземете иницијатива и да му пријдете на лицето што подолго време ве привлекува. Не јадете навечер.



ДЕВИЦА

Љубовта и парите се во тесна врска. Всушност, ако ги споите парите со оние на партнер и заедно одите во шопинг, би можело да купите нешто посебно. Станува збор за нешто што сами не можете да си го дозволите, но со заеднички сили - ќе успеете.



ТЕРЕЗИЈА

Во последните неколку дена го оставате партнерот без воздух со вашите излегувања, подароци, шеги и новото однесување. Намалете ја малку eеуфоријата зашто и утре треба да бидете интересни. Можна е лесна настинка.



СКОРПИЈА

Почнувате да го оптоварувате саканото лице со своите пријатели, па додека не е доцна, искористете го денов и организирајте вечера само за вас двајца. Одморот ви е повеќе од потребен. Веќе подолго време работите напорно.



СТРЕЛЕЦ

На љубовен план се' е како што треба. Покажете му ги на саканото лице своите чувства и потрудете се барем сега да го поштедите од вашите проблеми на работа. Ќе сфатите дека мора да почнете со вежбање, но не му предизвикувајте шок на организмот.



ЈАРЕЦ

И денес ќе бидете во добро познатиот филм врзан за финансиите. Кога би имале дополнителни обврски, би било супер. За жал, едната половина од денот ќе ја минете во завршување на работите, а остатокот искористете го, на пример, за прошетка.



ВОДОЛИЈА

Преуморни сте. Чувствувате дека ви е потребен одмор од секојдневјето, па дозволете си мал луксуз и одете некаде да се релаксирате. Уживајте барем малку и дома вратете се со полни батерии ако веќе не можете да ги наполните ќесите.



РИБИ

Се двоумите, а тоа дополнително ги отежнува работите. Најголем дел од времето ќе го минете во размислување за сопствената иднина и врската во која се наоѓате. Не знаете што да правите, а резултатите не зависат само од вас. Бидете трпеливи и оставете времето да ви го покаже патот.


#
Најди! во Утрински
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency