Брoj 2718  понеделник, 23 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
На прво место

Македонија во шок по апсењето на новинарот што убивал жени

Полицијата тврди дека Владо Танески ги убил двете кичевски вдовици од своето соседство


Танески ги носел жртвите во викендичката на ужасот

Даниела Трпчевска

Новинарите од скопските редакции во петокот изутрина го бараа својот дописник од Кичево за да провери што се случува со разоткривањето на серискиот убиец кој веќе подолго време ги држеше кичевци во страв и неизвесност. Кога неговиот мобилен телефон со часови остана недостапен, никој не можеше ниту да претпостави дека токму хонорарниот дописник на неколку медиуми од Кичево Владо Танески е уапсен и однесен во полициската станица во Гостивар поради убиство на две негови сосетки.

Тој се поврзува со убиствата на уште две пензионерки од градот, но засега нема цврсти докази за тоа. Според МВР, покрај ДНК-анализите на Танески кои се совпаднале со примероците пронајдени кај убиените жени, го откриле и текстовите објавени во дневните весници, во кои тој детално пишува за убиствата.

Истражниот судија на Основниот суд во Гостивар завчера попладне, по неколкучасовното сослушување, на новинарот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. По сослушувањето веднаш беше однесен во тетовскиот затвор. Од МВР велат дека за време на 24-часовното испрашување од страна на полицијата, Танески се бранел со молчење. Според Кристе Николоски, претседател на судот во Гостивар, по барање на осомничениот, му е определен бранител по службена должност.

Македонија се' уште е шокирана по веста што беше обелоденета во петокот. Новинарот кој ги силувал, а потоа со кабел ги задавувал своите жртви, за потоа опширно да известува за тоа, деновиве се најде на насловните страници на сите светски медиуми. Танески, кој дваесетина години беше дописник на „Нова Македонија“, а извесен период хонорарно пишуваше и за „Утрински весник“, колегите го паметат како мирен и повлечен човек.


Куќата на Владо Танески

Сите се шокирани од веста дека траумите од детството и лошите односи со неговата мајка, наводно, биле причина за да посегне по животот на неколкуте жени. Кобно за нив било тоа што нивниот профил, според полицијата, се совпаѓал токму со оној на неговата мајка - четирите жени биле на поодмината возраст, живееле во ист дел на Кичево, имале понизок степен на образование и главно заработувале како хигиеничарки.

„Ваквиот профил на жртвите делумно соодветствува со профилот на покојната мајка на осомничениот, која работела како хигиеничарка во болница и со која, според документираните сознанија, тој бил во исклучително лоши односи“, вели помошник-министерот за односи со јавност, Иво Котевски. Мистерии се поврзуваат и со смртта на неговиот татко, кој бил пронајден мртов во истата викендичка, во која потоа се претпоставува дека Танески ги носел своите жртви.

Педесет и шестгодишниот Танески во петокот беше приведен во полиција откако ДНК-анализите потврдиле дека тој го извршил убиството на Живана Темелкоска (65), која беше пронајдена мртва во мај годинава, десетина дена по нејзиното исчезнување. Нејзиното тело беше пронајдено на дива депонија во близина на стадионот на ФК Влазрими во Кичево. Тој е осомничен и за смртта на Митра Силјановска (62), која беше пронајдена кај столбовите на недовршената спортска сала во Кичево.

Се' уште се бараат докази дали Танески ја убил и 56-годишната Љубица Личовска, чиј труп во февруари беше пронајден на дивата депонија во близина на Стража. Се проверува и негова поврзаност со исчезнувањето на кичевката Горица Павлеска, за која од 2003 година нема никаква трага.

„Карактеристично за сите четири жени е дека се на поодмината возраст, сите живееле во ист дел на Кичево, имале понизок степен на образование и главно заработувале како хигиеничарки. Карактеристичен за жртвите, со исклучок на Павлеска која се' уште се води како исчезната, е и начинот на кој биле убиени. Во трите случаи станува збор за изживување и нивно сексуално и физичко малтретирање. Според сознанијата на МВР, сите три се пронајдени голи, врзани со телефонски кабел, задавени и завиткани во најлонски ќеси, а потоа фрлени на различни места.



„Кај сите се констатирани бројни повреди по надворешноста и внатрешноста на телата. Кај Живана Темелкоска е утврдено дека само на черепот имала 13 повреди, а и' биле скршени и поголем број ребра од двете страни на градниот кош. Кај Темелкоска и кај Симјаноска беше пронајдена и сперма која помогна при подоцнежната ДНК-идентификација на лицето што ги силувало и убило“, велат во МВР.

Според нивните сознанија, новинарот добро ги познавал убиените, живеел во нивна близина и воопшто немал проблем да ги намами. Во полза на тоа му одел одвоениот живот од сопругата, која работела и престојувала во Скопје, и од синовите, од кои едниот бил во странство, а вториот секојдневно бил на работа и често службено отсуствувал.

„Во спроведената истрага е утврдено дека осомничениот, злоупотребувајќи ја својата професија како новинар, честопати ги посетувал семејствата на жртвите и контактирал со овластени лица за да дојде до некакви сознанија за напредокот на истрагата за случаите. Во дел од своите текстови кои како дописник ги испраќал до националните медиуми наведувал и детали од случаите кои во ниеден официјален извештај ниту информација не стоеле, што беше уште една причина повеќе за да се испита неговата поврзаност со убиствата“, вели Котевски. При претресот во куќата на Танески се пронајдени порнографски материјали, а бил извршен претрес и во неговата викендичка кај селото Карбуница.

Танески известуваше за неколку медиуми за случувањата во Кичево. Во текстот за исчезнувањето на Темелковска, тој пишуваше дека „кога излегла од продавницата, застанало возило од кое и' се обратил некој по име и и' рекол дека син и' преживеал сообраќајка и е однесен во болница. Вознемирената Темелковска ги фрлила торбите со купените продукти и мобилниот телефон и се качила во возилото со затемнети стакла, но од тој момент и' се губи секаква трага“. Известуваше и за судењето на двете момчиња обвинети за убиството на Радослав Божиновски, кого го малтретирале, силувале и ограбиле во неговата куќа во Малкоец, како и на Митра Силјаноска, за која сега се покажа дека не биле виновни.

„Со лисици на рацете и со заскитани погледи, Анте Ристески и неговиот другар Игор Мирчески влегоа во судската сала. Отсутно зјапаа во некоја точка на таванот и одвреме-навреме како во себе да шепотеа: се предаваме и сега ќе платиме за грешките што ги направивме“, известуваше од судските рочишта новинарот од Кичево.

Полицијата се сомнева дека полициски инспектор бил инволвиран во прикривањето клучни докази, кои укажувале дека момчињата не ја убиле Силјаноска. Процесот за нив може да се очекува да биде преотворен и да одговараат само за убиството во Малкоец, што го признале.


Статијата е прочитана 3760 пати.

Испрати коментар

Од: mitko nisto ne vi veruva
Датум: 23.06.2008 01:48:23
Braka Makedonci gledate li kakva odvratna dupka e nasata tatkovina. Gledate li kako so nepodnosliva lesnotija policijata bez da razmisluva nitu eden moment vednas gi namesti drugite dvajca za ova ubistvo. Kao e toa mozno koga imale primerok na sperma? Kolku pamet treba da se sporedi toj primerok so primerokot na nivnata krv? Samo ne e toa problemot. Problem e sto i kolku da si nevin ako nekoj zapne da te osudat toa i ke ti se sluci. Da ti se pluknam na policijata i sudstvoto. Nesto slicno se ima sluceno so eden zaostanat Rom od tikvesijata koj po masivno tepanje prizna ubistvo na edna devojka koja ne go izvrsi. NEMA PRAVDA VO OVAA DRZAVA.
Од: ne e bitno
Датум: 23.06.2008 02:00:38
Ubijte se samite sebe si gnevni i ludi lugje... ne posegnuvajte po drugi dusi...
Од: evra
Датум: 23.06.2008 02:54:10
sto ke bese ova nikogas poloso od ova vreme ubijci na sekoj cekor da se plasis od sopstvenata senka da se plasis da mu reces zdrvo na komsijata. e se e ova rezultat na losiot i tezok zivot zaedno so celokupnata situacija besparica nezdrav zivot bezzakonie siromastija i se so red pa ke si receme neli ne cinese onoa vreme vo socijalizmot a sega go barame barem togas nemase vakvi monstruozni raboti a sega se ide na propast.
Од: kicevcanka
Датум: 23.06.2008 09:53:57
stotuku razbrav deka taneski se ubil ne podnese da se sudi za negovoto zlostorstvo kukavica
Од: Од Кичево
Датум: 23.06.2008 11:49:01
Митра Силјаноска беше род.1944 г.и беше помошник,или мајстор во ПЕ*шперана*ДИ-Копачка-Кичево,и никгаш не беше хигиеничарка,пошто ми е колешка од работа е знам,аВладо го викаше да присуствува на штрајковите кога имавме во фирмата да направи за новина известување,а додека за Љубица знам дека е родена 1952 г. како и Владо,сега пок.затоа што се врсници со мојата сестра и школски,па така и се знаеле,таа незнам дали беше хигиеничарка во Тане Цалески,стечаец знам дека беше.Тоа да беше добар човек далеку од вистината секогаш беше намргоѓен и не правеше муабет со обичните луѓе,некоја инфериорност,мислам дека беше лош човек и нека гори во пеколот.Митра беше добра ќена и работничка добра,не хигиеничарка како што секаге е пишувате и не беа старици Митра и Љуба.Убиецот имаше голем број на пријатели,така да го гледав доваѓаше кај едни вдовици во моја близина и седеше на маса со новинарот Дукоски и тие вдовиците кој едната е родена 1922г,а керкаи 1942 год,сигурно мислел и нив да ги скине,се смееја гл
Од: qeen
Датум: 23.06.2008 12:05:14
koga znael deka e bolen i ima traumi od detstvoto sto ne se lecel,mi e krivo sto se samoubi trbase da go izvdat na plostad vo kicevo da gi plukaat kugeto..mi e krivo sto sum go zapoznala,fin i kulturen covek,psihopat,se ezam koga ke pomislam na nego..mi e zal za sinovite negovi i soprugata,ne se tie nisto vinovni..
Од: Ljupka
Датум: 23.06.2008 12:38:27
Koga ke slusnev za seriski ubiec, obicno pomisluvav na Amerika i izopacenite umovi vo SAD. Posle ovie dvajca seriski ubijci (vo Ohrid i toj vo Kicevo), sega se prasuvam uste kolku li slucai ne se povrzani i uste kolku li seriski ubijci ni setaat po ulicite. Ne e deka Makedonija nema seriski ubijci, tuku deka nema policija i obvinitelstvo sto imaat kapacitet da povrzat odredeni slucai i da prilozat soodvetni dokazi do sudstvoto. Sudijata vo slucajot na 2-cata osudeni dozivotno si donel(a) dobra odluka, no greskata e deka policijata i obvinitelstvoto ili kriele dokazi ili ednostavno ne gi bivalo. A deka veke osudenite 2-ca se za dozivoten zatvor, toa e fakt, osobeno otkako priznale deka svirepo go ubile starecot. A, novinarot od Kicevo, toj nema da bide osuden zatoa sto policijata dozvolila da se samoubie. Ne mi e jasno samo kako go dozvolile toa??? Pa, neli bil pod nadzor???
Од: se soglasuvam mitko so tebe 100%
Датум: 23.06.2008 12:46:27
se pritvoraa ljuge za mito od 5 evra a obidite za ubistvo so ogneno oruzje vo centarot na skopje se prikrivaat
Од: biljanap.
Датум: 23.06.2008 15:40:39
Covek e nevin dodeka ne se dokaze sprotivnoto. A i koga se dokazuva, vo Makedonija cesto vinata se otkazuva. Drugi bile obvineti, a sega se pokazalo deka ne se vinovni. Da ne se pokaze deka i Taneski ne bil vinoven. Se samoubil ili? Sto? Go ubil nekoj? Taka e najlesno? A kade e vistinata? Ke ja doznaeme li nekogas voopsto??? Ve molam da bideme covecni i da ne obvinuvame nikogo bez cvrsti dokazi. Ne mora da bideme nitu hristijani ama da se setime na Isus sto ja odbrani gresnicata so zborovite: Neka go frli prviot kamen onoj sto e bezgresen! Sto ako Taneski ne bil vinoven? Kakvi komentari se toa:neka gori vo pekolot! Podobri luge sme od nego ili polosi?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Новинарот Танески си го одзеде животот во Тетовскиот затвор
Кичевци не можат да поверуваат во веста за убиецот