Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Македонија

Прва подводна венчавка во Охрид

Мики Трајковски

ОХРИД - Четириесетгодишниот скопјанец Анте и неговата шест години помлада сопруга Катерина, по потекло од Казахстан, судбоносното „да“ го кажаа под вода наместо во црква. На три метри длабочина во Охридското Езеро, во изворите на Дрим кај туристичкиот комплекс „Свети Наум“, двојката Тодоровски заплива во брачни води. Анте и Катерина се првите младенци од Македонија кои се венчаа под вода“.

Подводната церемонија ја организираше охридскиот нуркачки клуб „Амфора“. Анте и Катерина ги венча меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секуловски. За време на настанот туристи на неколку кајчиња во близина љубопитно следеа што се случува под вода.

Младенците, и двајцата нуркачи, најнапред разменија прстени, потоа отвор��ја шампањско и заедно со присутните десетина гости го прославија крунисувањето на бракот. На крајот се прошетаа за да се запознаат со подводните убавини. „Ова уште многу одамна сакавме да го реализираме, бидејќи низ светот се прават вакви работи. Церемонијата може да прерасне во атракција и да привлече туристи кои бараат добра забава во вода и, пред се', авантури“, истакна Секуловски. Тој нагласи дека сите идни брачни парови заинтересирани за венчавање под вода претходно ќе мораат да поминат курс по нуркање.

За венчавката организаторите се подготвувале два дена, а церемонијата траеше триесетина минути. На крај се' заврши со бакнеж и меѓусебни честитања. Моментите од атрактивното венчавање е овековечено со видеоснимка од четири минути и со повеќе од 80 фотографии што ги направи професионалниот фотограф и нуркач Емил Димитриевиќ.

„Ова е нешто ново и несекојдневно за нас кои се занимаваме со оваа работа. Снимениот материјал ќе го понудиме на неколку странски телевизиски канали од Балканот, а преку Интернет ќе го види и светот“, вели Димитриевиќ. Тој најави дека е можно и групно венчавање на поголема длабочина.


#
Статијата е прочитана 943 пати.

Испрати коментар

Од: gjoko bugarija
Датум: 13.08.2010 11:19:35
Se e ubavo, samo ne mi e jasno kako si rekle DA pod voda??

Најди! во Утрински
Македонија
Струмица и Василево се скараа за ѓубре