Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Македонија

Струмица и Василево се скараа за ѓубре

СТРУМИЦА - Општините Струмица и Василево се скараа за ѓубре. Првпат по дваесет и осум години, Струмица остана без депонија и нема каде да го фрла отпадот. Депонијата „Шапкар“ кај Добрашинци вчера беше затворена за камионите на струмичкото комунално претпријатие.

Градоначалникот и администрацијата на Општина Василево забранија истурање на сметот од градот, поради несовесно стопанисување со депонијата и непочитување на спогодбата што ја потпишале двете општини во 1997 година. Поради овие причини, Советот на Општина Василево на 27 јуни годинава донел одлука со оваа депонија да управува комуналното претпријатие на Василево, а не струмичкото комунално претпријатие кое со депонијата стопанисува од 1982 година.

„На ваков чекор се одлучивме бидејќи ‘Комуналец‘ од Струмица не исполни ниту еден од условите во спогодбата“, вели Ванчо Стојанов, градоначалник на Општина Василево.

И струмичкиот градоначалник дојде да го види хаосот со отпадот кај Добрашинци. Според него, одлуката на Општина Василево е незаконска, несовесна и неморална, бидејќи да се блокира депонија среде лето, на високи температури значи опасност од епидемии и зарази.

„Го повикувам колегата градоначалник да ја повлече одлуката зашто ако не можеме да го депонираме сметот, автоматски не можеме ниту да го собираме од граѓаните и тоа е многу опасно на високи температури. Такво нешто нема да дозволиме“, предупреди Зоран Заев. Според него, општините ниту можат да одземат ниту да доделат локации за каква било намена, а посебно не за депонија. Заев вели дека за тоа се надлежни државните институции, а дека струмички „Комуналец“ ја управува депонијата од 1982 година, со комплетна документација.

Двајцата градоначалници договорија средба на која ќе се обидат да го решат проблемот со депонијата. На истото место е планирана современа регионална депонија што ќе го собира отпадот од десетте општини на југоисточниот плански регион.

Министерството за животна средина води постапка за избор на концесионер што ќе ја управува регионалната депонија кај Добрашинци. Досега се пријавиле осум фирми од пет држави. (Е.П.)


#
Статијата е прочитана 474 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 13.08.2010 07:08:27
Тоа се македонските работи.Ако не не бидува нешто арно да направиме за зло сме веднаш спремени.И ова што функционирало и функционира,сакаме да го уништиме.Депонијата била користена уште пред 30 години и сега овој градонашалникот на Василево, кога се разбудил,се сетил на сонот што го сонил,дека руралната општина може да заработи повеке со уцени.Ај аирлија тоа е Македонија.Ако неможеш некому добро направи му штета.
Од: vane
Датум: 13.08.2010 10:41:18
ovoj zaev samo zgradi pravi i trgovski kade moze procent da zema a gradot se gusi od gubre
Од: Neutralen
Датум: 13.08.2010 11:19:43
A be ne e kriv toj od Vasilevo. Ako tie od Strumica ne se pridrzuvale po dogovorot sega si 'srkaat' to asto si go nadrobile. Ponekogas drasticni merki se potrebni za da se postignat i mali promeni. Zatoa i konecno ke dojde i do sredba na dvata gradonacalnici pa da se nadevame deka ke se donese i nekakva pozitivna odluka.
Од: bra-ge
Датум: 13.08.2010 13:48:24
isto kako vo napoli pred 2 god.mafia.ama tie se na zapad a nie malku kasneme.
Од: koku
Датум: 13.08.2010 14:52:30
pred desetina dena vo Vasilevo bese odigrana predstavata-" secenje crvena pandelka". Ulogite bea :"Premiero","Glavnio kordinator","Gradonacalniko" "Prisutni garagani i graganki" Avtorite vo zanes od postignatiot golem uspeh so ovaa predstava, vednas osmislija nova pod raboten naslov "Kako da mu zapiperime na Zaev" ili " Dajte gubreto tuka" Souto mora da prodolzi Veselo Makedonijo!!!

Најди! во Утрински
Македонија
Прва подводна венчавка во Охрид