Број 3597  сабота, 04 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Хороскоп

Хороскоп



Овен

Состојбата е непроменлива. Неизвесноста многу не ве загрижува бидејќи сте се одлучиле да чекате. За чудо, се обидувате да разговарате со партнерот и да не го оптоварувате со љубомора и посесивност. Уживате во многу нешта, затоа што чувствувате дека сте успешни и емотивно исполнети.



Бик

Благата нервоза е последица на влијанието на соработниците. Ќе го совладате тоа и ќе се свртите кон оние нешта што ја поттикнуваат креативноста. Љубовта се подразбира под тоа. Денот е во знакот на успешните потези, договори и напредување во деловната хиерархија. Посебно среќните одлуки се поврзани со брак и љубов.



Близнаци

Најпосле почнавте да размислувате во правилна насока. Благодарение на организаторските способности, правните постапки и промислените акции ќе бидете успешни. Тоа, за жал, не се случува многу често, па е пожелно максимално да го искористите поволното планетарно влијание.



Рак

Добро сте расположени, бидејќи сте фокусирани на она што го обожавате, а тоа се парите. Веројатно читате некоја книга што ви порачува дека парите се насекаде околу вас и оти само треба да ги соберете. Како и да е, задоволни сте, бидејќи под услов паричнико�� да ви е полн, можете да го направите и невозможното.



Лав

Денес ќе се препуштите целосно на љубовниот занес. Среќно тргнувате во средба на настапувачките случувања, од кои многу очекувате. Оние помалку среќните ги загрижува мешањето на другите и чувствуваат отпор спрема брачниот партнер согледувајќи дека многу се разликуваат меѓусебно.



Девица

Донесувате некоја одлука што ќе ве усреќи. Бидејќи креативната сила ви е нагласена, а вие сте фокусирани на неа, ситуацијата ветува многу убави конкретни случувања. Функционирате под влијание на пријатните настани во кои имате директен или индиректен удел.



Терезија

Уживате во моментите на среќа поврзани со пријатните случувања. Ја делите радоста со пријателите. Фантастично се чувствувате, зрачите бидејќи за таквото блаженство имате конкретна причина. Дали се работи за партнерот, децата или парична добивка - сеедно. Само така продолжете!



Скорпија

Доколку сфатите што ве мачи, нема да имате проблеми. Слушнете го говорот на телото и ќе ги разберете неговите тајни сигнали, па ќе можете максимално да му угодите. Ќе сфатите дека сте центар на светот. Жртвувањето поради безвредните работи ве исцрпува. Бидејќи и со сами себе едвај излегувате на крај, не оптоварувајте се со другите.



Стрелец

Успехот и понатаму ве следи. Ја имате наклонетоста од ѕвездите, па не оптоварувајте се со злобните коментари и сомневања. Верувајте си себеси и се' ќе биде во најдобар ред. Одвојте малку време за одмор. Иако не сте расположени за психоанализа, размислете повеќе за себе.



Јарец

Обидете се да ја испочитувате внатрешната потреба за самотија. Доколку ви тргне од рака, ќе се занимавате со нешта што ви предизвикуваат задоволство и ќе ви помогнат да најдете духовен мир. Во контактите со околината, тимската работа ќе биде отежната. Моментно немате среќа на материјален план. Барајте ја во духовното.



Водолија

Полека нештата се стивнуваат. Почнувате нормално да функционирате. Иако иронично и агресивно сакате да им се наметнете на другите, тоа не ви оди од рака. Не се обидувајте да се однесувате така. Пожелно е да постигнете максимални резултати вложувајќи минимални напори. Ќе успеете само со мудри и смирени постапки.



Риби

Комуникацијата ви годи. Задоволни сте било да е тоа само обичен разговор со пријателите или да се работи за патување или, пак, да прочитате некоја интересна книга. Важно е да бидете активни и свесни за моментите во кои се наоѓате. Креативноста ви е изразена, па обидете се да ја искористите на соодветен начин.




















































#
Најди! во Утрински

"""