Што прават денеска
Дејан Пројковски
ум. директор на МНТ
Како и вообичаено, денот не ми минува без театар. Претпладнето го минувам во МНТ каде што веќе ги работиме последните проби за претставата „Ромео и Јулија“, чија премиера ќе се игра на 8 и на 9 јуни. Попладне на семеен ручек, а потоа одам на стадион за да го гледам фудбалскиот меч меѓу Македонија и Ирска.
Ирина Доганџиска
модна менаџерка
Во сабота и денес имам некои работни обврски околу снимањето рекламен филм за една македонска фирма. Се надевам дека со работата ќе завршиме во пристојно време од денот и дека нема да врне, па со семејството да можам малку да се релаксирам во природа. Другиот дел од викендот е семеен.
Дивна Пешиќ
стреличарка
Претпладнево, пред да тргнам на пат за Кавадарци, треба да завршам некои обврски во Скопје. Иако не се патува долго до Кавадарци, верувам дека ќе успеам да тргнам пред 12 ч. зашто таму ме очекува снимање материјал за документарниот филм за КК „Фени индустри“. Оваа сезона е одлична за клубот, со оглед дека стана првак на Македонија. |