Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Скопје

Проширената „Илинденска“ готова до 8 септември

„Илинденска“ ќе биде готова до 8 септември, најави вчера градоначалникот Коце Трајановски. Моментно се асфалтира проширувањето на делницата од раскрсницата со „Рузвелтова“ до „Никола Тесла“, како и на потегот од фонтаната „Лотос“ кон Влада. Поставувањето на асфалтот ќе заврши за седум дена, а до средината на идната недела ќе биде готова и реконструкцијата на раскрсницата со „Свети Климент Охридски“.

Двете нови коловозни ленти ќе бидат со променлива ширина од 3,25 до 3,5 метри, а од двете страни на сообраќајницата ќе има тротоари и велосипедски патеки. Од средното училиште „Орце Николов“ до раскрсницата со „8 Септември“, пак, ќе има и средишно зеленило. „На трасата се решени сите имотноправни проблеми и не очекуваме застој во работата. Со темпото со кое работат екипите на градежното претпријатие ’Гранит’ очекуваме дека проширувањето на целата улицата ќе заврши навреме, а свеченото предавање во употреба ќе биде, како што планиравме, на Денот на независноста - 8 Септември“, нагласи Трајановски.

Во рамките на проектот за проширување на булеварот веќе е завршено поставувањето на атмосферската канализација, а деновиве се привршува и уличното осветление. Градоначалникот најави и расчистување на уште неколку приватни објекти покрај новата сообраќајница, веднаш до Зоолошката градина. Сопствениците на куќата ќе добијат стан, а на нивно место ќе се направи паркинг и пешачка зона.

Проширувањето на „Илинденска“ се финансира од градскиот буџет и чини 120 милиони денари. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 822 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Новите украински автобуси со стар систем за наплата
Нов асфалт и на улица „Волково“
„Појадок на мост“ на Богородица