За еден месец улицата „Волково“ ќе биде комплетно реконструирана и проширена. Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве почнаа со реконструкција на коловозот по целата должина од 1,5 километри. Предвидено е проширување на коловозот за 1,5 метри, а ќе се постават и нови рабници. (Дс.Т.)