Хороскоп
ОВЕН
Доколку изминатите денови ги минавте во преуредување на станот, а денеска се разбудите со чувството дека ништо не сте завршиле - во право сте. Крајот се' уште е далеку, а најидеално би било кога би можеле да земете неколку слободни денови од работа.
БИК
Денеска би можеле да се најдете пред еден голем предизвик што ќе ве стави во големо искушение. Со оглед на тоа што вистината не ви е многу блиска овие денови, запрашајте се дали не е време да прекинете со некои работи. Играјте искрено и, пред се', фер.
БЛИЗНАЦИ
Денеска повторно ќе бидете под стрес, кој е предизвикан од недостигот од пари и работа. Но, со оглед на тоа што оваа ситуација е краткотрајна, подобро е да ги зачувате нервите и разумот. Веќе од утре целата ситуација би можела драстично да се промени. Тоа зависи од вас.
РАК
Немојте да дозволите несигурноста на другите луѓе да ве разубеди во вашата одлука. Ако навистина мислите дека треба треба да направите некои работи - сторете ги! Не слушајте ги секогаш советите на другите. И самите знаете дека немаат сите исти желби.
ЛАВ
Што велите на тоа најпосле да му се посветите време на домот и на најмилите? Денеска по работата, одете право во шопинг. Купете ги оние производи што ви требаат. Не е рано. Притоа, чувајте го здравјето, подложени сте на непредвидливи емотивни промени.
ДЕВИЦА
Секојпат кога ќе сретнете една личност што подолго време не е дел од вашиот живот, вие тотално се буните и се губите. Ајде малку преиспитајте се што ви лежи на срце, па можеби ќе знаете што треба да правите во такви ситуации. Вљубените Девици ќе имаат мирен период.
ТЕРЕЗИЈА
Имате чувство како да се кршите од работа, а вашиот шеф воопшто и не го забележува тоа. Штом е така, бидете директни и отворени. Објаснете му што се работите и за колку пари. Можеби нема веднаш да добиете зголемување на платата, но барем ќе сфати какво богатство сте.
СКОРПИЈА
Размислете малку за финансиската ситуација во која се наоѓате. Смирете се и наместо познати марки, размислете да купите и малку поевтини работи.
СТРЕЛЕЦ
Одлично се одморивте за време на викендот, па сега сте подготвени да заработувате пари. Одлично, супер идеја, но немојте премногу да инсистирате ако не ви појде од рака. Не фаќајте се здраво за готово. Знајте дека скоро ништо не е 100 отсто загарантирано.
ЈАРЕЦ
Изгледа како работата да ви е на последното место. Ќе гледате да избегате порано од работното место и ќе се фрлите во шопинг. Посетете некое ново интерсно место. Израдувајте го партнерот со нешто фино и скапоцено. Верувајте, ќе ви возврати во иста мера.
ВОДОЛИЈА
Ако партнерот ви каже дека ве сака такви какви што сте, дали ќе престанете да се сомневате во него? Штом е така, кажете му да ви ги каже магичните зборови, зашто во спротивно ќе ве доведе до лудило. Дефинитивно не би ви штетела малку поголема самодоверба. Поработете на тоа.
РИБИ
Денеска би можеле да имате релативно лош вербален судир со една женска личност која е дел од вашето семејство. Причината е што друго, ако не парите. Препорачливо е да не дозволите да ве вовлечат во расправија, зашто лесно би можеле да го извлечете подебелиот крај.
|