Првиот човек на ЕУ смета дека регионот направил големи реформи, но оти треба уште многу да се направи
Тамара Грнчароска
Европа и' е посветена на европската перспектива на Западниот Балкан и во таа насока регионот има спроведено големи реформи, но уште многу останува да се направи. Со оваа порака претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, денес ќе ја посети Македонија, во рамките на својата втора балканска мини-турнеја за четири месеци. Ван Ромпуј во Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во Албанија доаѓа и со порака дека зајакнувањето на регионалната соработка мора да води кон добрососедство и оти „ЕУ нема да увезува регионални конфликти“. Во контекст на Македонија тоа би значело дека ЕУ не е подготвена да попушти во барањето спорот околу името со Грција да се реши пред да започнат преговорите на Унијата со земјава.
Во својата изјава Ромпуј подвлекува дека Европа и' е посветена на европската перспектива на регионот и таа од своја страна дава активна поддршка, но и техничка и финансиска поддршка, која за периодот 2010 - 2012 изнесува над две милијарди евра. „Тоа е знак дека ние ги цениме напорите за реформи“, вели Ромпуј, сепак, додавајќи дека уште многу треба да се направи.
„Нема време за олабавување“, смета тој, додавајќи дека подготвувањето на европската иднина е цел, која бара многу. „Потребни ни се поинтензивни целосни реформи во клучните области: демократијата, доброто владеење, човековите права и владеењето на правото. Корупцијата и организираниот криминал се закани за стабилноста и економскиот развој и борбата против нив мора да биде бескомпромисна и ефективна“, смета Ван Ромпуј.
На денешните средби на Ромпуј со македонскиот државен врв се очекува да се разговара и за претстојниот извештај на ЕК за напредокот на земјава и за најавите дека тој ќе биде со повеќе забелешки од ланскиот. Премиерот Никола Груевски од посетата на Ромпуј очекува реална валоризација на сработеното и на вложениот труд во исполнување на реформите. Сепак, според Груевски, за тоа најдобро ќе каже Европската комисија на 9 ноември.
Вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, од посетата на Ромпуј, пак, очекува земјава да добие охрабрување за продолжување со реформите. На прашањето што ќе му биде кажано на Ромпуј за тоа до каде се преговорите за името Наумовски одговори дека „ќе стане збор за сите прашања што го опкружуваат нашиот процес на евроатлантска интеграција“.
Наумовски вчера одржа прес-конференција на која Владата се пофали со тоа колку закони со европско знаменце се усвоени оваа година. „Од 106 предвидени закони се усвоени 87, плус осум што формално не се дел од Националната програма, а до крајот на годината се надеваме дека ќе донесеме уште 15-20 закони“. Наумовски на забелешките дека Брисел ни забележува на неимплементирањето на усвоените закони одговори дека сите закони што се носат соодветно се имплементираат.
Интересна изјава: „ЕУ нема да увезува конфликти“. Па ЕУ конфликтот веќе го има внатре во нејзината членка Грција. Грција или пошитроко гледано, ЕУ го измисли овој конфликт. Тој е нејзин внатрешен и нема како да се увезе.
Од: Nikola-Germanija
Датум: 19.10.2010 13:40:08
Premierov ocekuval "realna valorizacija na srabotenoto".Ne se sekiraj Nikolce,porealno od toa sto nisto ne srabotivte-AMIN!Do pred eden mesec Minister-Kumot za Financii se ograduvase od sekakov kontakt so MMF "plasejki se za imidzot na MK".Na koj imidz misli covekov,uste ne mi e jasno-za minatata nedela da se rastrca za Vasington da prosi za "kreditna linija -sto ne bilo ednakvo so aranzman- od 400 Mio.€".Ne vrat,sija.Drzava koja trosi bez potreba trosi milioni za grdi spomenici namesto za osnovnite potrebi na naselenieto,ne moze da bide tretirana kako stabilna!Vazno za Feliks i ostanatata portokalova-prerodbenickata druzina premierot i kumot obezbedija pari za narednite 12 meseci-blaze im!Redno e EU segasnata vlada ne samo da ja zaobikoli,tuku ednostalno da ne ja smeta za ziva-no ne sakam da znam,kolku pari mu dadoa na Rompuj da ja poseti MK,inace covek so zdrav razum i samopocit nikogas ne bi se unazadil da ja udostoi segasnata vlada,koja sopstveniot rejting go nampumpa na EU-smetka!
Од: Ристо Андов
Датум: 19.10.2010 13:41:27
Овој господин уште еднаш ќе ни даде до знаење дека, покрај отсуството на мудрост кај нашите политички номенклатури, се соочуваме и со толеранција на грчкиот фашзам од страна на европските номенклатури, заради што евро интегацијата ни се оддалечува. Во такви услови, дивеењето на Грците заради нашето постоење ќе продолжи. Тоа значи дека, било какви понатамошни разговори и преговри со здивените грчи номенклатури се бесмислени. Према тоа, крајно време е да се побара некој друг вид интеграција во светот!!!
Од: LMZ
Датум: 19.10.2010 23:41:05
Чудно но вистинито. Не сакале да увезуваат конфликти. За што не сметаат овие ЕУ бирократи.Што направија да ја смираат состојбата во Грција за поголема толерантност и разбирање помегу двете држави. Цело време го толерираат гчкиот национализам кој кај своите грагани го доведуваат до огромна нетрпеливост према македонските грагани. Па продаваат демократија. Тие уживаат кога атињаните им даваат лажни податоци, кога од нив прават обични подмитени политичари и бирократи. Повторно ке ја слушаме глупавата реченица, Решете го името па ке ве примиме во НАТО и ке одпочнете преговори за влез во ЕУ. Верував во некој систем на вредности на ЕУ, но со проблемот на нашата земја,излегоа на површина голем број на недоследности, непочитување на донесени сопствени правила од мегународната политика и човековите права. Прочитани се.
Од: ПРОБЛЕМОТ Е ЕВРОПСКИ
Датум: 20.10.2010 08:21:07
Проблемот е европски. ЕУ да го признае малцинството во ЕУГрција и ЕУБугарија. Македонци ама Грци. Уа бирократи и овој само по агенда оди. Лагата грчка несмее да помине ако имате ЕУ демократија.А сите поранешни вистината ја кажуваат како грижа на совест како Пердју.