Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Втора страница

Трнлив пат за доаѓањето на папата

Македонскиот државен врв не ги затвора спорните
теми со Ватикан

Билјана Јовановска

Отворените прашања на Католичката црква во Македонија со државата се' повеќе одат во насока папата Бенедикт Шеснаесетти да не ја посети Македонија. Пред една година, предметот за 9 милиони квадрати земјиште во Паљурци, кое го побарува Католичката црква, иако доби приоритет за разгледување кај владината Комисија за решавање на управни работи од втор степен од областа на денационализацијата не беше позитивно решен. Сега ја чека разврската од Уставниот суд или, ако и таму не го добие она што го побарува, Католичката црква ќе се пожали и кај други инстанции.

И премиерот Груевски и претседателот Иванов ветувањата поврзани со ова и со други отворени прашања со овдешната Католичка црква ги активираат само пред традиционалното чествување на св. Кирил во Рим, односно пред аудиенцијата кај папата. Откако тоа ќе се заврши, предметот со земјиштето во Паљурци и барањето локација за изградба на резиденција се забораваат до следното одење во Рим.

Минатата година малку недостигаше папата Бенедикт Шаеснаесетти воопшто да не ја прими македонската државно-црковна делегација, но во последен момент Римокатоличката црква одлучи да не ја заострув�� ситуацијата.

Дали тоа ќе се повтори и наредниот мај, зависи исклучиво од власта. Засега, таа има игнорантски однос кон барањата на Католичката црква. Тоа се покажа и викендов кога и покрај високата делегација од Ватикан на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, државата ја претставуваше само претседателката на Комисијата за верски односи, Валентина Божиновска. Чудно, ама на јубилејот не присуствуваше дури ни претседателот на Одборот за одбележување на 100-годишнината, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Државниот врв не најде за потребно ниту да присуствува на настанот, ниту, пак, да се сретне со папскиот пратеник кардинал Винко Пуљиќ.

Непримерно однесување, по којзнае кој пат, покажа и врвот на Македонската православна црква, па наместо поглаварот Стефан, на богослужбата посветена на нобеловката Мајка Тереза присуствуваше свештеник на МПЦ.

Во барањето на 9 милиони квадрати земјиште кај Паљурци нема ништо спорно - Католичката црква ги поседува тапиите за сопственост, а за обновување на некогашниот духовен центар се заложи дури и претседателот Ѓорге Иванов кога го посети овој локалитет. Разврската на овој случај се влече со години.

Земјиштето од 9 милиони квадрати е сопственост на сестрите евхаристинки од Католичката црква кои во Паљурци имале свој манастир. Тие поседуваат 30 царски тапии и тестамент што датира од 20 март 1927 година од семејството Алоати кое на сестрите им го оставил комплексот на кој функционирал манастирскиот комплекс со црква, сиропиталиште, женско училиште за децата без родители и многу други важни објекти, вклучително и браната. На ова спорно земјиште функционираат три државни задруги и никој од власта не е заинтересиран да се реши случајот. Еден ден кога овој комплекс повторно ќе биде во рацете на сестрите и на Католичката црква, таму ќе се изградат некогашните објекти за селото одново да заживее.

Додека не се случи тоа, неофицијално дознаваме, папата Бенедикт Шеснаесетти, кој е добро информиран за спорните теми во Македонија, нема да ја посети нашата држава. Бидејќи, основен услов римокатоличкиот поглавар да ја стави посетата на одредена земја е со неа да нема отворени прашања. (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1511 пати.

Испрати коментар

Од: stiv
Датум: 19.10.2010 12:31:26
nas veke i pitacite ne ne posetuvaat a nie ocekuvame Papa. Realnooost???
Од: Vancho
Датум: 19.10.2010 13:42:04
Abe ke im ja vratite zemjata za koja si imaat dokument je OK. No koj na Papskiot Popot ne mu poljubil Peticite pa ne i vije.Koga Gorbachov mu se Pokloni ili Bush shto da razgovarame za nekoja si Makedonija golemoto selo.Ako se znaje da vo proslosta toj i Carevi mu se pokoruvaa.A za mene Papata e obichen chovek koj ima potreba Isus da mu prosti site Bezakonja inache mu nema Spasenje.A da ne zboram da EU je pod negova kontrola,a vi treba kako Lepche znam.Ve zalam...
Од: Sepotenje na uvo
Датум: 20.10.2010 08:49:35
Koga pretsedatelot Gj. Ivanov najavi deka Papata ke ja poseti Makedonija (,,dogodina,,, odnosno o.g.) go dadov sledniot veb-komentar: ,,Koga ke dojde Papata vo Makedonija dojdete da mi sepnete na uvo,,! Sega go povtoruvam ova tvrdenje.
Од: marija
Датум: 20.10.2010 10:19:31
avtorot na tekstot ima napraveno greska za goleminata na parcelata - 9 milioni kvadratni metri??????

Најди! во Утрински
Втора страница
Може само бурма
Вербатим
Ромпуј






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency