Број 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Независен синдикат: МРТ е во длабока криза

Нередовната програма, малкуте прилози од терен за време на вестите и се' почестото емитување музички спотови на програмите на Македонската радио-телевизија се должат на штрајкот во јавниот сервис. Вработените штрајкуваат за добивање на платите и надоместоците за храна и превоз. Неофицијално, на дел од вработените им било речено воопшто да не се надеваат дека ќе ги добијат заостанатите надоместоци.

„Веќе долго време МРТ навлегува во кризи поради поларизации во политичките врвови. Сето тоа негативно се одразува на вработените“, тврдат од Штрајкувачкиот одбор на МРТ. Оттаму нагласуваат дека биле доволно трпеливи, чекајќи го крајот на изборите за штрајкот да не добие политичка конотација.

Додека штрајкот трае, независниот синдикат на новинарите во МРТ нагласува дека институцијата се наоѓа во длабока криза. Според овој синдикат, кризата во јавниот сервис е производ на судирите на интереси, политичките концепти и лошата селекција на кадри.

„Претседателот на Советот на МРТ е и уредник во телевизија Алфа, на управувачки места има раководители со несоодветно образование, постои криза во комуникацијата на менаџерскиот тим”, се наведува во соопштението од независниот синдикат. Оттаму посочуваат дека санациската програма се' уште не се спроведува и покрај тоа што станува збор за проект кој е субвенциониран од Владата. Неколку месеци пред почетокот на штрајкот во оваа институција започна систематизација. Целта на овој потег на раководството беше намалување на вишокот број вработени. Пред систематизацијата во јавниот сервис беа вработени вкупно 1.050 лица. По систематизацијата менаџментот планира МРТ да исплаќа плати и придонеси за 721 вработени. (А.П.)


Статијата е прочитана 362 пати.

Испрати коментар

Од: Goran Bitola
Датум: 06.06.2008 00:24:08
Jas pak ce povtoram: ne moze da ima leb bez motika. Neka go svedat brojot na vraboteni na 50, neka zadrzat eden kat od zgradata, a ostanatite neka gi prodadat, i neka ne se nadevaat na radiodifuzna taksa. Paraziti edni. Zosto ne kukaa koga so godini se otpustaa rabotnici od proizvodstvoto?
Од: simona
Датум: 06.06.2008 07:40:09
Pochituvani od utrinski(A.P.P) Ve molam da mi odgovorite koga vo MRT e formiran nezavisen sindikat na novinarite,dali nekade i kade e registriran,od kade dosol do takva informacija vasiot novinar.Vo MRT postoi edinstven sindikat na SSM na site vraboteni i e cllen na GIFIK.Ako nekoj saka da se dodvoruva na Vlasta vo MRT(drzavava),toa se polizurkovci,poltroni i drugi prevrtlivci so penkalo vo racete koi se narekuvaat novinari.Pa gospoda novinari kade ste vo poslednive godini koga sindikatot vodi borba i za vas i za vasite socijalni prava.Mozebi sega ste zagrizeni za vasite rabotni mesta(se predviduva otpustanje na site koi se neproduktivni i se nad 57 godini), pa skate da se zadskriete za nekakov nezavisen sindikat koj ne postoi vo MRT.
Од: borce devicanec
Датум: 06.06.2008 08:09:18
E pomona vremeto koga rabotea nad 600 honorarci. A urednicite odea samo da se prosetaat. Nemaa ni rabotno vreme, a bifeto bese glavno rabotno mesto za poveceto rakovoditeli.
Од: suzana
Датум: 06.06.2008 08:50:41
Просто неверојатно, како секој си има и си пласира свои дезинформации.Такви како Горан има многу за жал...кои не мислат дека МРТ подготвува програма на 7 јазици, дека постои откако е прогласена Народна Република Македонија, дека по закон треба да произведува програма од сите области,која има свои целни групи итн. а бидејќи на нашите граѓани им е поинтересно преку кабловските да гледаат туѓи ТВ и сои години не плаќаат радиодифузна такса, а пак ДРЖАВАТА ни е страшно исполитизирана и нема стратегија за МРТ...вработените се доведени до крајно тешка состојба...меѓу нив има многу мал дел неработници...но, НЕ СМЕ ПАРАЗИТИ сигурно, а ТОЈ независен синдикат од некои новинари кои се кријат и понатаму навистина НЕ постои.Всу��ност НИЕ новинари за СИНДИКАТ и немаме...тие си го гледаат својот интерес или бегаат во други ТВ или стануваат портпароли на министрите.
Од: Jimi
Датум: 06.06.2008 10:14:07
Bi sakal da si ja popravat internet stranicata na mrtv i da mozeme i nie od stranstvo da gledame preku internet kako sto e kaj site nacionalni televizii vo Evropa pa veke nekolku godini i vo regionot.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Четвртоодделенци од Куманово затруени со храна во Струга
Сулфурот од Блаце се препакува за да мине низ државава
Големи штети кај посевите и овошките во Пехчево и во Делчево
Штипска „Максима“ гради нова хала, ќе има работа за сто работници
Зелените го засилуваат отпорот спрема Топилницата