Брoj 2731  вторник, 08 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Иако имате успех на повеќе страни, акцент треба да ставите на љубовта и сета своја енергија да ја насочите кон неа. Доколку сте во врска или брак ве очекуваат незаборавни моменти со партнерот, а доколку сеуште сте сами можете да се надевате на фатална средба.



Бик

Чувствувате потреба да ја докажете сопствената вредност. Надевајте се на успех. Амбицијата е изразена па може да добиете унапредување. Пријателите на кои најмалку се надевавте ќе ви пружат поддршка. Уживајте во моментите поминати со партнерот.



Близнаци

Одличен период за успех во сферата на филозофијата и правото, но и за патување. Наклонети сте на сериозен пристап кон овие области затоа и ве очекува успех. На моменти може да ве обземе бран на непрактичност, затоа потрудете се да не претерате.



Рак

Почитувајте ги барањата на организмот. Тој ве потсетува дека сте уморни. Осаменоста ви годи, па доколку сте во прилика да ја остварите, наполнете ги батериите и ќе бидете како преродени. Прошетките во природа, добра книга или филм можат да ве опуштат.



Лав

На околината изгледате привлечно што не значи дека треба да претерувате со желбата за доминација и мудрување бидејќи тоа никој не го сака. Пред вас се многу пријатни случувања кои на прв поглед не ветуваат многу. Внимавајте на исхраната.



Девица

Многу работи постигнувате на себе својствен дипломатски начин. Доколку се најдете во неугодна ситуација нема да бидете сами. Ќе присуствувате на јавен собир или пак ќе се најдете во ситуација да започнете соработка многу позначајна отколку што очекувавте.



Терезија

Заморот и лошата здравствена ситуација влијаат на хроничните проблеми. Не форсирајте се, потрудете се да го правите она што не ве заморува. Не оптеретувајте се со глупости и уживајте во малите работи. Овошјето и зеленчукот треба да бидат неизоставен дел од вашето мени.



Скорпија

Доколку сакате добро да се чувствувате мора да обрнете внимание на правилната исхрана и уредниот живот. Сте размислувале ли за спорт? Не откажувајте се од ништо ако сакате да успеете. Ве очекува интересна средба, уживајте.



Стрелец

Конечно можете да земете здив. Активностите врзани за патувања и повреди се зад вас. Доколку сметате дека треба да им помогнете на блиските, направете го тоа, но не мешајте се премногу. Насочете се кон себе ако сакате да бидете задоволни.



Јарец

Интуицијата е изразена но и нервозата која оди во комплет со неа. Се што е добро има и лоши страни. Релаксирајте се ако сакате да ги решите проблемите со нервите. Ништо на светот не е достојно да ви го расипе денот.



Водолија

Сериозни сте и одговорни бидејќи околностите тоа го бараат од вас. Околината конечно се увери дека може да смета на вас иако изгледате помалку несериозно. Првиот впечаток може да излаже. Не обрнувајте внимание на внатрешниот немир.



Риби

Исклучително успешен и креативен ден. Што и да правите ќе биде со леснотија. Водете сметка да не претерате со фантазирањето во тој случај ќе го изгубите и онака несигурното тло под нозете. Можни се проблеми со кожата во вид на алергија, внимавајте.
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ