Во неделата, 7 септември, во Кавадарци по повод традиционалниот кавадаречки гроздобер и карневал, прв пат се одржа Избор на тиквешка убавица во организација на Модното студио „Црнокрак“. Тиквешка убавица за 2008 година е деветнаесетгодишната кавадарчанка Зорица Атанасова. Таа беше избрана меѓу десетте финалистки, кои се претставија пред публиката во хотелот „Уни палас“ во спортска и елегантна варијанта, како и во костими за капење.