Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава


Тивка и изненадувачка смрт на Дино Дворник

 

Дино Дворник во 13 часот, на 7 септември, е пронајден мртов во својот стан во Загреб



Во рутината на животот секоја смрт е „непријатно изненадување“, па дури и кога ќе им се случи и на оние што си поигруваат со неа, и' се потсмеваат како да ја предизвикуваат. Веста дека на 7 септември 2008 починал Дино Дворник, 44-годишниот музичар од Хрватска, кој својата прва вистинска музичка слава ја доживеа во последните години на заедничката Југославија (крајот на осумдесеттите години на минатиот век), со сиот негов бекграунд на „анфан терибл“ е доживеана како вистинско непријатно изненадување.

Според официјалните верзии, Дино Дворник во 13 часот, на 7 септември, е пронајден мртов во својот стан во Загреб од својата сопруга Даниела откако претходно во 4 часот наутро му било тешко, но одбил да повикаат итна помош. Обдукцијата на телото не покажала од што починал 44-годишниот хрватски музичар, а причината за смртта би требала да се утврди со токсиколошки вештачења, кои би можеле да потраат и две седмици. Но, сепак, погребот на Дино Дворник ќе биде в среда, на 10 септември, во загрепскиот крематориум.

Неофицијално, покрај Дино е пронајдено поголемо количество хептанон и таблети за хепатитис Ц.

Дино Дворник, покрај тоа што беше автентична ѕвезда на хрватската естрада (имаше многубројни настапи и во Македонија) е и син на познатиот хрватски актер Борис Дворник, кој почина пред шест месеци. Дино е роден на 20 август 1964 година, во Сплит, а како дете глумел во серијата „Наше мало мисто“, како и уште во неколку детски филмови и серии. Посетувал музичко училиште, од кое се откажал, а музичката кариера ја започнал на 17 години, кога со брат му Дејан го основал бендот „Кинески ѕид“ и ја снимиле првата фанк-плоча во тогашната југословенска дискографија. Во 1988 година дебитира на „Загреб фест“ со песната „Тебе ти припаѓам“ и освои награда за најдобар дебитант. Првиот солистички албум „Дино Дворник“ го издава во 1989 година, а потоа следуваат албумите „Креативен неред“, „Природа и општество“, „Лајв ин Минхен“, „Анфан терибл“, „Види ове писме“, „Биг мама“ и „Свики“.

Освен со музиката, Дино и неговото семејство и' беа познати на хрватската публика и како актери од реалното шоу „Дворникови“, што се прикажуваше на хрватската РТЛ телевизија. Дино Дворник оствари и забележителна улога во филмот „Таа прекрасна сплитска ноќ“ на Арсен Антон Остоиќ.

Дино Дворник никогаш не криел од јавноста дека има проблеми со наркотиците, а со неа ги споделуваше и неколку фази од лечењето. Последните години официјално беше во долга апстиненција. (Ј.П.)




Статијата е прочитана 1278 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Враќање од отпишаните со Ем-Ти-Ви-награди
Зорица Атансова