Бритни Спирс
Враќање од отпишаните со Ем-Ти-Ви-награди
Награди добија и „Пусикет долс“ за најдобро прикажана танцувачка умешност
Освојувајќи дури три награди на Ем-Ти-Ви, Бритни Спирс покажа дека нејзиното време се' уште не е готово. За својот нов сингл „Piece of Me“, Бритни собра три статуетки, и тоа во категоријата за најдобар спот, најдобар женски поп-спот и најдобар женски спот. „Паднатата“ пејачка прво му се заблагодарила на Бога, кој очигледно ја благословил. На доделувањето на наградите, Ријана само настапила и останала без награда, а нејзиното момче, Крис Браун, собрал статуетка за најдобро машко видео. Во категоријата за најдобро рок-видео, за најдобри се прогласени „Линкин парк“. Награди добија и „Пусикет долс“ за најдобро прикажана танцувачка умешност, додека за најдобри нови уметници се прогласени членовите на групата „Токио хотел“.
|