Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Втора страница

Поглед

Овци за Рипли

Димитар Чулев

Има настани околу кои тешко може да се изгради став. Завчерашната сообраќајка во која беа усмртени 33 овци на регионалниот пат Штип - Велес медиумите го поместија под рубриката „сообраќајки“. Консументите на медиумските извештаи со вртење глава ја примија веста која како да беше симната од фајловите на Риплиевата „Верувале или не“. Трети... со доза на сарказам се прашуваа дали тоа Македонија претендира на трет рекорд за Гинис по прилепските сарми и 3,5 тони грав во Сарчиево.

Триесет и три „со еден удар“ од автомобил е респектабилна бројка и прашање на „вкусот“ на тикерите на странските агенции дали (и кога) оваа вест ќе ја пренесат како „ексклузивна“ на глобално ниво. Уште повеќе што последниот помор на овци доаѓа некако во континуитет по 80-те, односно 40-те загинати од гром во последните триесетина дена... И поовчарски нации од нашава не можат да се пофалат со таков квантитет!

Во последната сообраќа, нема виновници: не е виновен возачот на супер „сеатот“ што на автопатот (прецизно одбележана површина покриена со асфалт наменета за движење на моторни возила) среде ноќ некој му подметнал стадо овци. Не е виновен ни сопственикот на стадото, кој не бил викнат на јавна расправа при изградбата на патната инфраструктура во тој дел од Македонија, кога бил заборавен ситниот детаљ дека овците не се камили, дека тие животни консумираат вода и дека изворите за напојување останале од спротивната страна на пасиштето одвоено од водата со – регионален пат.

Oва ја отвора моралната дилема дали информациите за ликвидација на живи суштества не ја вознемируваат малолетната публика и дали изданијата „Вести“ кои почнуваат да личат на реално шоу не треба да почнуваат со предупредување „само во присуство на родител или старател“.


#
Статијата е прочитана 1731 пати.

Испрати коментар

Од: no name
Датум: 13.08.2010 12:13:33
Мора да останеме доследни- уникатност во се`, држава и живот во неа во сите свери само за приказ. Да се чуди светот дали да ни се смее или да не плаче.
Од: Krt
Датум: 13.08.2010 14:13:12
Gospodine Culev, mnogu mi e zal za celata slucka.Prosto kazano i za ovcite a i za vozacot.Najmnogi mi zal za ovie 2.ooo.ooo ,, ovci ,, sto go vodi ovakov ,,pastir,,.Koj razbral,razbral...koj ne posle dve sekundi ke mu bide jasno.
Од: aj pak jas
Датум: 13.08.2010 16:15:21
Porakata e pastirot ne vodi griza za ovcite

Најди! во Утрински
Втора страница
Страст за мода со фереџе
Вербатим