Брoj 2786  сабота, 13 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Кога подобро ќе размислите, се' се врти околу парите. Претерувате, затоа спуштете се на земја и насочете се кон друга област. Не дозволувајте си да ги вреднувате работите врз база на материјалното. Преиспитајте го своето однесување.



Бик

Многу време поминувате надвор од домот. Моментално сте преокупирани со семејни проблеми и планови поврзани со преселба. Доколку работите со недвижен имот, ќе имате успех и во таа област. Ако се дистанцирате од блиските, ќе избегнете сериозни проблеми.



Близнаци

Влегувате во одличен период за комуникација и патувања. Иако многу работи ви недостасуваат, нема да бидете разочарани. Околностите ве наведуваат да тргнете во акција. Намалете ги цигарите, белите дробови се слаба точка на организмот.



Рак

Се трудите да се докажете на професионален план. Мора да бидете внимателни, бидејќи јазикот ќе ви биде побрз од паметот. Рационалноста е изразена, а тоа е добро. Потрудете се да се насочите кон сопствените потреби и да престанете да се грижите за другите.



Лав

Ви недостасува самоувереност кога станува збор за работата. Потрудете се да ги прикриете сопствените слабости бегајќи од осаменоста. Проблем може да се јави ако се изгубите во фантазиите и одлетате премногу. Спуштете се на земја.



Девица

Поминете ги слободните моменти со пријателите. Тие ви помагаат да заборавите на здравствените проблеми. Слаба точка на организмот е дигестивниот систем, ништо сериозно, немојте да се плашите. Засега ви годи друштвото и добро се чувствувате.



Терезија

Размислувајте за промена на професијата. Сфаќате дека вака веќе не може, но не знаете на што сте. Мислите дека имате време за се', но грешите, немојте да ги развлекувате обврските. Уметнички сте ориентирани, може да постигнете завидни резултати.



Скорпија

Ве очекува патување. Бидејќи станува збор за интересен и убав пат, добро се чувствувате. Незадоволни сте со своето знаење, па планирате усовршување. Потрудете се да ја уочите таа слабост и да ја контролирате.



Стрелец

Работете го она што ве мотивира. Се' друго оставете за другпат. Бидејќи парите се на прво место, се борите да бидете подобро платени и ќе успеете. Избегнувајте расправии кога нешто ќе тргне во погрешна насока. Наскоро ќе влезете во подобар период.



Јарец

Сите активности се базираат на чесност и искреност. Доколку забележите дека околината не се однесува според вашите принципи, ќе се тргнете настрана. По којзнае кој пат се повлекувате. Бидејќи тоа никаде не води, реагирајте директно на она што не ви се допаѓа.



Водолија

Практичните работи се во прв план. Се занимавате со работи кои можат да ви донесат корист. Иако околината мисли дека не сте себични, греши, бидејќи вешто го прикривате тоа. Можни се расправии со блиските. Здравствените проблеми се на психичка база.



Риби

Размислувајте на креативен начин. Бидејќи немате среќа на материјален план, ќе се насочите кон работи што ќе ви помогнат да се чувствувате добро. Занимавајте се со хоби, дружете се со пријатели, одете на прошетка покрај вода.



Најди! во Утрински
Барај со НАБУ