Што прават денеска
Владимир Крстевски - Франц музичар Синоќа со „Нокаут“ имавме настап во Неготино и во раните утрински часови се вративме во Скопје. Секако, штом се разбудам одам во моето кафуле „Зодијак“, а попладне со Пере имаме проба во студио. Вечерва, настапуваме во „Цитадела“, во Куманово, па навреме тргнуваме на пат.
Никола Ефтимов моден креатор Бидејќи наближува новата академска година на „Академија Италијана“ , полека се подготвувам за предавањата и другите обврски со студентите. Сепак, се' уште сум одморски расположен, иако пред една недела се вратив од Египет. Денес треба да се видам со пријателите, кои не сум ги видел откако дојдов од одмор.
Миодраг Нечак муз. продуцент Денеска планирам да завршам со работата во студио врз песните за детскиот фестивал „Тра - ла-ла“, кој во почетокот на ноември ќе се одржи во Битола. Потоа, во план ми е да се зафатам со работа врз проектот: обработка на 22 песни на Ајри Демировски, авторот на „Битола мој роден крај“, како и на уште многу други обнародени песни.
|