Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Втора страница

Нови 80 рамковни вработувања

Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор вчера врачи решенија за вработување на 80 административци, кои биле примени со последниот оглас, а десетмина од нив, поради работното искуство, се унапредени на функција државни советници.

Како што информираше вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Абдулаќим Адеми, државните советници се унапредени според Законот за државни службеници, бидејќи тие ги исполнуваат сите услови за да работат на тие функции.

„Наша цел е да ја следиме кариерата на државните службеници, кои се примени во државната администрација, а најискусните да ги унапредуваме“, изјави Адеми.

Десетте државни советници ќе бидат распределени во министерствата за транспорт и врски, за одбрана, за правда, за култура и во Кабинетот на претседателот на државата.

„Ќе бидам вработен во Министерството за одбрана, а за работната задача ќе бидам дополнително известен. Имам шест години работно искуство во одбрана, а со новото решение ќе бидам државен советник во Министерството за одбрана“, изјави Мирадим Мустафа, еден од десеттемина унапредени државни советници.

Останатите 70 државни службеници, кои се примени по последниот оглас, ќе бидат распределени во Собранието како преведувачи.

Од јануари до вчера, како обврска од Рамковниот договор, се примени вкупно 370 државни административци.

Втор оглас се очекува да биде распишан деновиве, со кој ќе бидат примени 250 Турци и Роми. Кон крајот на септември се очекува нов, трет конкурс, но не се знае колкава е точната бројка на административци кои ќе бидат примени. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 643 пати.

Испрати коментар

Од: сираче при мајка
Датум: 20.08.2010 01:27:38
Дај некој нека ми каже како да се потурчам? Немам ништо против албанци, турци, роми но имам многу причини да бидам против мојата маќеа Македонија. Жртва на долгава транзиција, без стаж во четврата деценија од мојот живот, со високо образование и течно говорење англиски, пред две години основав фирма а за оригиналноста на бизнис планот бев пофалена и наградена. Се трудев се мачев да го одржам бизнисот, но мојата маќеа Македонија успеа да ме сотре со фирмарини, даноци, давачки, издатоци за ХАСАП прописи. А сето тоа за да си работат моите полубраќа и полусестри административци. Кога и да отидам во просториите на Пензиско и инвалидско осигурување си гледам низ многуте шалтери како моите мили полубраќа си играат на компјутер од што немаат што да работат. Затоа ве молам кажете ми има ли некој начин да се потурчам?
Од: Mirjana
Датум: 20.08.2010 03:54:54
So potpisuvanjeto na Ramkovniot dogovor i negovoto soodvetno sproveduvanje e ispravena dolgogodisnata nepravda, kako i diskriminatorskiot odnos pri vrabotuvanjeto na makedoncite od ostanatite etnicki grupi.
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 20.08.2010 05:55:26
Сираче при мајка....ме растажи со твојот коментар. Потполно си во право.... Многу ми е жал. Не постои држава каде мора да се примат полуписмени и неписмени националности, под некоја си квота... И башка што истите тие никогаш нема со прст да мрднат, бидејки се свесни дека се под `квота`, нели....Ова се едни од последните удари за гушење на Македонија.
Од: ORCE MAKEDONSKI
Датум: 20.08.2010 06:03:17
Do sirace na majka -samo toa ne go pravi ,drugoto ke si dojde se na svoje mesto .POZZ ORCE MAKEDONSKI I VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA
Од: dr
Датум: 20.08.2010 08:40:59
Прашај ја пратеничката од ВМРО како од Македонка станала Влаинка.
Од: sneska
Датум: 20.08.2010 09:00:09
Дали и за нас Македонците ќе дојде некогаш ред, посебно на оние кои не се членови на некоја од партиите, до кога вака, две универзитетски дипломи, аплицирање по огласи, сето џабе со години па и децениии кога немаш партиски грб, да се чувствуваш во сопствената држава како малцинство, децата не можиме да ги прехраниме, а комоли нешто друго, ние останатите ме интересира што сме?? И што значи ова да си ја смениме националноста, па да се надеваме на нешто подобро?????
Од: vlado
Датум: 20.08.2010 09:30:34
Kade odis Makedonijo?
Од: moment na vistinata
Датум: 20.08.2010 10:23:45
Без никаква тронка на иронија!Време е Рамковниот да стаса и на нивите.Зашто како иде работава по некој си друг Рамковен ќе ни се дели житото.Е,тогаш го обравме бостанот сите.Во моментов сите го јадеме посокот,(оставеното за расад),а потоа Господ нека ни помогне.Сите плукаме по рамковниот,а тешки милиони од европските фондови одат јабана.Владо,мори владо!Збогатија содржината на кајроните и со нешто од оваа работа.Како иде работава,ке останеме и без ниви,со стрништа,за потоа така гладни си ги јадеме месата.Време е да се размислува и за задолжително аграрно,а ко не и супституционирање со средното.Одамна сме ја заборавиле мотиката.Ќе не колнат децата што предолго сме ги оставиле да палават.
Од: јас
Датум: 20.08.2010 11:16:47
Има ли крај на ова лудило во Македонија??????

Најди! во Утрински
Втора страница
Промоторите не остваруваат
Туристите и' свртија грб на Грција
Вербатим